cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали да возите додека сте бремена?

Се смета дека жените се сигурни и внимателни возачи. Но постои еден период во животот кога ритамот на живот и секојдневните активности треба да се прилагодат на новонастанатата состојба.

Дали да возите додека сте бремена?

Ако не можете без автомобилот, не грижете се. Единствено е важно да се придржувате на неколку правила. Без оглед на тоа дали сте возач или придружник, возењето во автомобил би требало да биде удобно и комфорно, а никако ризично. На пример, ако пред бременоста не сте ставале појас, време е да ја промените таа навика. Повеќе внимание треба да обрнете на одржувањето на автомобилот, за да биде потполно безбеден за вас. Тоа препуштете му го на сопругот.

 

Предности кога возите автомобил

  1. Не чекате градски превоз при различни временски услови: дожд, снег, студено и жешко време, ветар или јако сонце.
  2. Заштитени сте од инфекции, посебно во зимските денови кога сите киваат и кашлаат, а се знае дека треба да избегнувате инфекции во ваква состојба.
  3. Облеката можете да ја прилагодите на Вашите потреби.
  4. Во секој момент можете да застанете, да се одморите и земете воздух и да продолжите кога Вам Ви одговара.

 

Положба на седење на возачот

Вообичаената положба на телото, со исправена кичма и свиткани нозе – може да Ви биде неудобна. Поместете го потпирачот на седиштето малку назад, за да остане повеќе простор меѓу воланот и вашиот стомак (не помалку од 10 cm). Но, водете сметка и понатаму да имате добра прегледност на патот. Доколку чувствувате болки во грбот, станете на потпирачот плетена навлака до дрвени топчиња, или перниче.

 

Сигурносен појас

 Многу трудници не го користат сигурносниот појас, бидејќи се плашат дека може да му наштети на бебето (некои трудници имаат чувство дека појасот ги гуши). Но треба да се мисли и на неочекуваните непријатности во тек на возењето. На пример, појасот е добра заштита од можното удирање во воланот, предизвикано од изненадно кочење.

Како да Ви биде што поудобно со сигурносниот појас? Првиот дел од појасот ставете го под градите, а другиот под стомакот. Појасот треба да го наместите така да не Ве притиска, но и да не виси, туку да ја следи линијата на Вашето тело.

 

Неопходна опрема

Понекогаш се случува во тек на возењето да дојде до дефект на автомобилот. Заради тоа е важно домашните да знаат каде одите, или која е вообичаената маршрута по која возите, или колку планирате да се задржите некаде.

Секако, би требало да имате комплет за прва помош, резервна гума и други неопходни работи (на пр. во зимно време прибор за чистење на шофершајбната, за одмрзнување на бравата...). Сепак, најважен е мобилниот телефон, бидејќи ако Ви се расипе автомобилот, или заглавите во снег, или Ви се дупне гума, можете да ја викнете итната помош на пат, мајсторот кој Ви го одржува автомобилот, или некој член од семејството. Доколку никој од нив не дојде за брзо време, заклучете ја колата и дојдете дома со такси. Тоа Ви е најбезбедно решение.

 

Документите – секогаш со Вас

Без оглед на тоа дали сега сте дознале дека сте бремена – или сте пред породување, секогаш носете ги со себе важните документи: лична карта, возачка дозвола, здравствена книшка.

 

Не седнувајте зад воланот ако:

-        Ви забранил лекарот

-        чувствувате мачнина, вртоглавица, нервоза...

-        временските прилики се непогодни (лизгави патишта, магла...)

-        се сомневате во исправноста на автомобилот, или не сте сигурни дека имате доволно бензин.

 

Возете само до седмиот месец

Важно е идната мајка да биде свесна дека нејзиниот организам е изложен на бројни промени – од хормонални до психолошки и дека во секој момент е потребна консултација со лекар. Тој ќе и помогне реални и критички да ги согледа своите можности. Возењето, посебно низ град е полно со непредвидени ситуации. Затоа внимавајте. Лекарите советуваат по седмиот месец од бременоста да Ве вози некој друг. Зошто? Вашето бебе веќе многу се движи па е можно да направи некое движење кое може да Ве заболи. Тоа е понекогаш доволно за да се деконцентрирате. Впрочем, зошто да не уживате додека Ве вози некој друг?

Без оглед на тоа колку сте сигурни во себе, никогаш не треба да возите сами кога ќе тргнете во породилната сала, бидејќи тогаш ризикувате многу.

 

Каде и да одите, секогаш внимавајте. Среќен пат!

 

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет