cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Хидратацијата е клучот за здравје во топлите денови

Летниот период носи сонце, повисоки температури и повеќе активности на отворено. Иако многумина го сметаат за најубавото годишно време, токму тогаш телото е најподложно на дехидратација.

Хидратацијата е клучот за здравје во топлите денови

Потта е природен начин организмот да ја регулира температурата, но со тоа губи и големо количество течности и минерали. Затоа, хидратацијата е еден од најважните фактори за добро здравје во топлите денови.

 

Зошто е толку важна хидратацијата?

Водата учествува во речиси сите процеси во телото, од регулирање на температурата, до пренос на хранливи материи и елиминација на токсини. Кога организмот не добива доволно течности, настануваат симптоми како: сува уста и жед, замор и слабост, главоболки, намалена концентрација, вртоглавица.

Во посериозни случаи, дехидратацијата може да доведе до нарушувања на срцевиот ритам или топлотен удар.

 

Колку вода ни е потребна?

Не постои еднаква формула за сите, но вообичаено се препорачува 1,5 до 2 литри вода дневно. Во лето, особено кога сме физички активни или поминуваме време на сонце, количината треба да биде уште поголема.

 

Совети за подобра хидратација во топлите денови

  1. Не чекајте да ожедните бидејќи жедта е веќе знак дека сте дехидрирани.
  2. Наместо големи количина одеднаш, внесувајте вода во текот на целиот ден.
  3. Вклучете свежо овошје и зеленчук како лубеница, краставица и домати кои се одлични извори на вода.
  4. Избегнувајте газирани и засладени пијалоци бидејќи тие ја зголемуваат жедта и дефинитивно не ја заменуваат водата.
  5. Овошна вода или ладен чај се опција ако ви е здодевна обичната вода. Додадете парчиња лимон, нане или јагоди за свеж вкус.

 

Хидратацијата и децата

Децата често забораваат да пијат вода додека играат на сонце, па родителите треба редовно да им нудат течности. Сокчињата не се замена. Најдобра е водата или свежо цедените овошни пијалоци разредени и без шеќер.


Времето на повисоки температури е време кога телото најмногу се бори да ја задржи рамнотежата. Со правилна хидратација, не само што ќе се чувствувате посвежо и поенергично, туку и ќе го заштитите вашето здравје од непријатни последици на топлината.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет