Дали бебињата треба да грицкаат кора од леб?

Многу родители се прашуваат кога е безбедно нивното дете да почне да јаде погруби текстури, како што е кората од леб.

Дали бебињата треба да грицкаат кора од леб?

Ова прашање е важно, затоа што гризењето и џвакањето се клучни за развојот на забите, мускулите на устата и моториката на рацете, но безбедноста е прво место.


Кога е бебето подготвено?

  • Обично, бебињата почнуваат да истражуваат цврсти намирници околу 6-8 месеци, но секое дете е различно.
  • Пред да се понуди кора од леб, бебето треба да може да седи самостојно и да има некоја контрола врз движењата на устата.


Предности од грицкање кора

  1. Ја развива мускулатурата на устата за силни вилици и јазик.
  2. Помага при навика за џвакање. Така бебињата учат да се справуваат со различни текстури.
  3. Ја стимулира моториката на рацете со држење и фаќање на лебот со прсти.
  4. Ја подобрува чувствителноста и вкусовите бидејќи кората има поинтензивен вкус и мирис.


Ризици и како да се намалат 

  • Задушување. Кората може да биде тешка за малите бебиња. Треба да се нуди во мали парчиња или да се омекне со малку вода или супа.
  • Тешко џвакање. Ако бебето нема заби, кората може да е премногу цврста. Почнете со омекнати или исечени на тенки ленти.
  • Алегии или дигестивни проблеми. За некои бебиња, лебот може да предизвика надуеност или алергија особено ако е со пченица или семки. Следете ја реакцијата на телото.


Совети за безбедно воведување во исхраната

  1. Почнете со мали парчиња од омекнат леб.
  2. Секогаш надгледувајте го детето додека јаде.
  3. Избегнувајте кора од леб со многу семки или тврда коричка додека детето нема доволно заби.
  4. Поттикнувајте џвакање и истражување на текстурата, но без притисок.


Кората од леб може да биде корисна за развојот на бебето, но треба внимателно да се воведе во исхраната. Безбедноста секогаш е на прво место. Мали парчиња, надгледување и постепено учење на џвакање овде се клучните чекори.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет