Црвенило на газето

Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети брзо ќе го совладате црвенилото на бебешкото газе.

Црвенило на газето

 

Нежната бебешка кожа е многу чувствителна и многу потенка од кожата на возрасните. Посебно чувствителна е кожата на газето и многу бебиња понекогаш имаат црвенило под пелената. Понекогаш од црвенилото може да се развие и болен пеленски дерматитис. Причината е продолжен контакт на бебето со мокрачата или столицата, или неадекватна нега. Последното можеме да го спречиме:

  • Менувајте ја пелената на бебето почесто. Тоа значи веднаш после столицата и кај доенчиња барем пет пати дневно. Пелената нека не биде претесна на газето бидејќи на тој начин ја зголемувате влажноста и топлината кои ја оштетуваат кожата на бебето.
  • Бебешкото газе чистете го со млака вода и нежна памучна крпа или памук. Пред да ја ставите пелената почекајте да се исуши газето на бебето.
  • Бебето понекогаш оставете го со голо газе. Преку летото оставете го бебето да си игра без пелени некое време.
  • Не капете го предолго бебето и со претопла вода.
  • За нега на детската кожа важи правилото: помалку е повеќе. заштитниот крем не го нанесувајте во дебел слој, бидејќи така го спречувате дишењето на кожата. На некои бебиња не им е потребен заштитен крем. Ако ги користите употребувајте заштитни кремови кои содржат против воспалителни состојки како што се: алантоин, екстракти од камилица или невен, пантенол или Витамин Е. Бидете внимателни кога избирате крем затоа што некои бебиња не поднесуваат дополнителни состојки во кремовите како што се парфеми или вештачки бои.
  • Ако сте на пат, користете влажни марамчиња. Ако користите марамчиња со додаток на масло, дополнителен крем не Ви е потребен. Внимавајте марамчињата да бидат без додаток на алкохол, парфеми и конзерванси.

 

Кога газете е црвено, помагаат кремови со додаток на цинк оксид. Ако доите, неколку дена избегнувајте кисели производи, како што е цитрусното овошје и салатите со киселина.

Осипот би требало да се повлече по 3-4 дена. Во случај на пролив може да потрае и подолго. Ако не можете да го излечите осипот и ако забележите меурчиња или црвени флеки, посетете го Вашиот педијатар. Можеби на кожата се развиле и гливички, кои ќе се повлечат со маста која ќе Ви ја препише педијатарот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет