cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Благи грчеви за време на бременоста. Кога се нормални, а кога бараат внимание?

Благите грчеви се честа појава во текот на бременоста и најчесто се поврзани со природни промени во телото на жената.

Благи грчеви за време на бременоста

Многу жени кога ќе почувствуваат благи грчеви ведднаш помислуваат на најлошото, но во голем број случаи, ваквите грчеви се нормален дел од промените што се случуваат во телото.

 

Зошто се јавуваат благи грчеви во бременост?

1. Имплантација. Во раната бременост, кога оплоденото јајце се прикачува за ѕидот на матката, може да се појават лесни грчеви слични на менструалните.

2. Растење на матката. Матката се шири и лигаментите се истегнуваат, што може да предизвика чувство на затегнатост или повремени болки.

3. Хормонални промени. Хормоните влијаат на мускулите и лигаментите, правејќи ги почувствителни.

4. Дигестивни проблеми. Подуеност, гасови или запек често се чувствуваат како грчеви во долниот дел на стомакот.

5. Дехидратација. Недоволниот внес на течности може да доведе до контракции на мускулите.

 

Каде најчесто се чувствуваат?

Грчевите најчесто се чувствуваат во долниот дел на стомакот или од едната страна поради истегнување на лигаментите. Овие грчеви се појавуваат повремено, без јасен ритам. Тие обично не се постојани и се смируваат со одмор.

 

Како да си помогнете?

-        Одморете се и легнете на страна.

-        Пијте доволно вода.

-        Избегнувајте нагли движења.

-        Јадете полесна храна.

-        Практикувајте лесни прошетки или лесно истегнување.

 

Кога благи грчеви се нормални?

Благите грчеви се соосема нормални кога кога не се придружени со крварење, кога се краткотрајни и не се засилуваат со време, а се смируваат со одмор.

 

Кога мораш да се јавиш на лекар?

Побарај медицинска помош ако грчевите се: силни и постојани, придружени со крварење, проследени со треска, со болка во рамо или вртоглавица или болка при мокрење. Овие симптоми не се типични и бараат проверка.

 

Грчеви по триместри

Во првиот триместар често се појавуваат поради имплантацијата и хормонални промени, во вториот триместар поради истегнување на лигаментите, а во третиот триместар може да се појават Бракстон-Хикс контракции односно лажни контракции.

 

Благите грчеви во бременоста најчесто се безопасни и дел од природната адаптација на телото. Сепак, слушајте го своето тело и вашиот инстинкт. А кога сте во дилема, подобро е да прашате отколку да се грижите.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет