БиМилк и Рингераја наградени за Прегратка на дар

Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност им доделија награда на Битолска Млекара и ДАНУ Филантропија за најдобра општествена практика за организираната хуманитарна акција Прегратка на дар

БиМилк и Рингераја наградени за Прегратка на дар

 

24.04.2013 Скопје. Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност им доделија награда на Битолска Млекара и ДАНУ Филантропија за најдобра општествена практика за организираната хуманитарна акција „Прегратка на дар“.

 

Битолска млекара и ДАНУ Филантропија ја добија наградата за реализираната акција „Прегратка на дар“ во чии рамки беа организирани едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки ширум Македонија. Во акцијата беа вклучени повеќе од 10.000 деца кои изработија повеќе од 7.000 уникатни подароци играчки за своите врсници - децата кои новогодишните празници ги поминуваа во собите на детските одделенија во сите болниците низ земјата.

 

Горди сме на добиената награда, таа за нас претставува уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и мотив повеќе за да продолжиме да даваме свој придонес за доброто на заедницата. Битолска Млекара е компанија која се грижи за здравиот развој на децата и нашите напори секогаш ќе бидат насочени кон помагање и поддршка на иницијативи каде во преден план се децата“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара.

 

Битолска Млекара и ДАНУ Филантропија имаат можност акцијата „Прегратка на дар“ да ја претстават и на европско ниво во склоп на иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“. Ова е прв пат наградата за најдобра општествено одговорна практика да ги надмине националните рамки и стане дел од иницијативата поддржана од Европската комисија.

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет