Бидете здрави

Ослабете за една недела!За брзо слабеење навистина не е потребно да гладувате и да живеете само на јаболка и моркови. Повеќето жени можат да ослабнат половина килограм неделно ако дневно согорат 500 калории повеќе отколку што внесле.

Бидете здрави

Ослабете за една недела!

За брзо слабеење навистина не е потребно да гладувате и да живеете само на јаболка и моркови. Пoвеќето жени можат да ослабнат половина килограм неделно ако дневно согорат 500 калории повеќе отколку што внеле. Се уште сте скептични? Изберете два метода од нашата табела и секојдневно споредувајте ги. Ви гарантирам дека наредниот викенд ќе бидете видно послаби.

ИСХРАНА

  • Наутро јадете јајца. Истражувањата покажаа дека лицата што појадуваат јајца во текот на денот внесуваат 160 калории помалку од оние што денот го почнуваат со друг вид на храна.
  • Јадете комбиниран ручек. Наместо вообичаениот сендвич со месо, изедете помала порција супи или чорба и половина сендвич.
  • Намалете го внесот на калоричните пијалаци. Наместо вообичаеното кафе со млеко и газирани пијалаци, напијте се чај со лимон.
  • Внимателно избирајте ја ужината. Наместо чоколадо или чипс, изадете мало ќесе пуканки или интегрална плочка со замена за шеќер.
  • Јадете “послаба“пица. Нарачајте пица со тенко тесто и со половина од вообичаеното количество сирење.
  • Намалете го внесот на леб и на печива. Само една кифла со путер содржи 300 калории и 20 грама масти.
  • Јадете поздрави варијанти. Чоколадниот кекс заменете го со овошје, а виршлите со посна пилешка салама.

ВЕЖБИ

  • Користете ги скалите. Качувајте се по скали секогаш кога сте во можност, бидејќи така ќе согорите 300 калории.
  • Кажете “ом“! Практикувањето јога или други техники за медитација ќе ви ја намалат секојдневната тензија, а и ќе согорите најмалку 250 калории.
  • Правете вежби за обликување. Наместо вообичаениот интервал вежби без тегови, правете вежби за обликување на телото и ќе потрошите дополнителни 270 калории.
  • Чистете по дома.Освен што домот ќе ви блеска, бришењето прав, рибањето и метењето заедно согоруваат 270 калории.
  • Шетајте во друштво. Наместо да седите со пријателите, 45 минути движете се со енергичен чекор. Така ќе согорите 270 калории.
  • Играјте видеоигри. Истражувачите открија дека играњето бокс во траење од еден час согорува 22 калории.
  • Откако еднаш ќе се намали тежината, дури и само неколку третмани со апаратите за разбивање маснотии многу е важно фигурата да се одржува со фитнес, прошетки, а доста делотворни се и кремовите за отстранување на целулит.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет