cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Бебешки плач, како да препознаете што значи?

Плачот е првиот и најважен начин на комуникација на бебето. Тоа не плаче без причина. Секој звук има порака. Со време ќе почнете да ги разликувате нијансите, но и на почеток можете да се водите според неколку знаци.

Бебешки плач, како да препознаете што значи?

1. Плач од глад

Овој плач е ритмичен и постепено се засилува. Бебето ги движи усните, ја врти главата (рефлекс на барање) и става рачиња во уста. Обично престанува веднаш штом ќе почне хранењето.

 

2. Плач од умор

Ова плачење повеќе наликува на „жалење“. Бебето ги трие очињата и станува раздразливо без очигледна причина. Претераната стимулација често води до ваков плач.

 

3. Плач поради непријатност

Овој плач е нагол и краток и при него телото се извива. Може да се појави при мокра пелена, студ или жештина. Затоа проверете ја пелената, облеката која ја носи бебето и температурата во просторијата.

 

4. Плач од болка

Ова плачење има остaр и висок тон. Изненадно е и интензивно, а бебето може да ги стегне тупаниците или да ги подигне нозете доколку има грчеви. Ако плачот е необично силен или продолжува долго, консултирајте се со педијатар.

 

5. Плач од потреба за блискост

Кога бебето плаче поради оваа причина тоа се смирува при земање во раце. Овој плач е помек, но упорен, а бебето бара контакт кожа на кожа. Новороденчињата имаат силна потреба од сигурност и допир.

 

6. Плач поради прекумерна стимулација

Кога бебето е прекумерно стимулирано во текот на денот се појавува овој плач кој се манифестира со нервозно вртење на главата, избегнување контакт со очи или настанува веднаш по негов престој во бучна средина. Намалете ги светлината и звукот и создадете мирна атмосфера.

 

Колку е нормално да плаче бебето?

  • Новороденчињата можат да плачат 1 до 3 часа дневно
  • Периодот околу 6тата до 8мата недела често е најинтензивен.
  • Плачот постепено се намалува по третиот месец.

 

Кога да побарате лекарска помош?

Обратете се на педијатар ако:

  • плачот е постојан и неконтролиран,
  • бебето има температура,
  • одбива храна,
  • делува поспано или невообичаено летаргично.

 

Бебето не манипулира, не се разгалува ако го земате во раце. Вашиот одговор на плачот гради чувство на сигурност и доверба.

Со тек на време, ќе станете експерт за плачот на вашето бебе затоа што секое бебе има свој „јазик“.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет