Бајка за топлите снегулки - III

Во тоа време, во знакот на водолија, се роди млада жена, со широки рамена и дојде во оваа несреќна земја. Се чинеше дека не слушнала за лошата вештерка и не беше ниту малку загрижена дека ќе остане без својата залиха на топли снегулки.

Бајка за топлите снегулки - III

 

Бајка за топлите снегулки - I

Бајка за топлите снегулки - II

 

Во тоа време, во знакот на водолија, се роди млада жена, со широки рамена и дојде во оваа несреќна земја. Се чинеше дека не слушнала за лошата вештерка и не беше ниту малку загрижена дека ќе остане без својата залиха на топли снегулки. Таа ги даваше слободно и секому, дури и кога никој не и бараше. Ја викаа Хип и не го одобруваа нејзиното однесување, бидејќи ги убедуваше децата да не се грижат дека ќе останат без топлите снегулки. Децата многу ја сакаа, бидејќи се чувствуваа убаво во нејзино друштво и почнаа да го следат нејзиниот пример и да даваат топли снегулки кога ќе почувствуваа дека треба.
Возрасните беа загрижени и одлучија да донесат закон за да ги заштитат децата. Тој закон го прогласи за казниво безгрижното давање на топли снегулки, без јавна дозвола. Многу деца не обрнуваа внимание на законот и продолжија да си разменуваат топли снегулки меѓусебно. Бидејќи имаше многу, многу деца, скоро исто толку колку и возрасни, изгледаше дека ќе биде по нивно.

---


За сега е тешко да се каже што ќе се случи. Ќе можат ли возрасните да го спречат “безгрижното” однесување на децата? Ќе им се придружат ли возрасните на Хип и на децата во уверувањето дека секогаш ќе има топли снегулки, доколку се подаруваат? Ќе се сетат ли на деновите кои нивните деца сакаат да ги вратат? Деновите кога имаше топли снегулки во изобилство, бидејќи луѓето ги даваат слободно едни на други...

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет