cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Бајка за топлите снегулки - II

clock-img

4.1.2012

Ситуацијата станувала се посериозна. Лошата вештерка, која сето ова го посматрала, не сакала луѓето да умираат (бидејќи мртви не можат да ги купуваат нејзините напитоци и мелеми), па развила нов план.

Бајка за топлите снегулки - II

 

Бајка за топлите снегулки - I

 

Ситуацијата станувала се посериозна. Лошата вештерка, која сето ова го посматрала, не сакала луѓето да умираат (бидејќи мртви не можат да ги купуваат нејзините напитоци и мелеми), па развила нов план. На секого му дала уште по една вреќа, која била многу слична на вреќата со топли снегулки, само што оваа вреќа била ладна. Во оваа вреќа се наоѓале ладни боцки. Овие ладни боцки не правеле луѓето да се чувствуваат топло и нежно, туку ладно и боцкаво. Но ладните боцки ги спречувале луѓето да се згрчат потполно и да ја искриват кичмата. И така, секој пат кога некој ќе побарал топла снегулка, лушето возвраќале “Не можам да ти дадам топла снегулка, дали би сакал ладна боцка?”. Понекогаш би се состанале двајца луѓе на само, мислејќи дека можат да добијат топла снегулка еден од друг, но некој од нив би се предомислил и би му дал на другиот ладна боцка. Како последица на тоа, иако многу малку луѓе умирале, сепак биле многу несреќни и се чувствувале ладно и боцкаво.

Ситуацијата дополнително се комплицирала бидејќи со доаѓањето на вештерката имало се помалку топли снегулки наоколу, кои порано биле бесплатни како воздухот кој  го дишеме, сега станале многу скапи. Пред доаѓањето на лошата вештерка луѓето се собирале во групи од тројца, четворица, или петмина, никогаш не грижејќи се кому ќе дадат топла снегулка. По доаѓањето на вештерката луѓето се собирале во парови и ги чувале своите топли снегулки исклучиво само едни за други. Луѓето кои немале партнер морале да ги купуваат топлите снегулки и морале напорно да работат за да заработат доволно пари.

Некои луѓе станале популарни и добивале многу топли снегулки. Потоа ги продавале на луѓето кои биле помалку популарни, а на кои им требале топлите снегулки за да преживеат.

Се случило и нешто друго: некои луѓе зеле ладни боцки, кои ги имало во неограничени количини – ги обоиле во бело и ги продавале како топли снегулки, што предизвикало уште поголема отуѓеност и непремостив јаз меѓу луѓето.

 

 

Бајка за топлите снегулки - III

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет