10 минутни домашни тренинзи за родители - малку време, голем ефект
Кога сте родител, времето станува најдефицитарната „опрема“ за вежбање. Долги тренинзи, теретани и сложени програми често се нереални.
И со само 10 минути дневно, родителите можат значително да го подобрат своето здравје, енергија и расположение. Кратките, но редовни тренинзи се ефикасен начин да останете активни без да го нарушите семејниот ритам.
Зошто токму 10 минути?
Ова определено време за вежбање реално е изводливо, не бара посебна опрема, може да се направи и додека бебето спие. 10 минутното вежбање ја гради навиката и е подобро од изговорот „немам време воопшто“. Конзистентноста е поважна од должината.
Тренинг 1. За целото тело без скокање
Идеален за уморни родители или по породување со дозвола од лекар:
- 1 минута правете чучњеви
- 1 минута, потисоци од ѕид или маса
- 1 минута правете мост за глутеуси
- 1 минута одвојте за подигање на раце со сопствена тежина
- 1 минута правете лесни истегнувања.
Повторете го кругот двапати.
Тренинг 2. Кардио вежби без напор
За оние денови кога сакате да се раздвижите без да почувствувате исцрпеност потоа ви препорачуваме:
- марширање во место,
- движење на рацете нагоре-надолу,
- странични чекори,
- лесни ротации на телото лево десно.
Правете ги овие вежби во континуитет, без паузи со времетраење до 10 минути.
Тренинг 3. Вежби за грб и држење
Совршен за родители кои често го држат своето бебе:
- „мачка-крава“,
- повлекување на лопатките на грбот,
- истегнување на вратот и рамената,
- лесни ротации на ‘рбетот.
Овој тренинг ја намалува болката и напнатоста.
Тренинг 4. Јадро (core), нежно и безбедно
Посебно е корисно по бременост со практикување:
- дијафрагмално дишење,
- активирање на длабоките стомачни мускули,
- лесни нагиби на карлицата,
- странични истегнувања.
Фокус се става на контролата на движењата, а не на брзина.
Тренинг 5. Вежбање со децата
Кога немате друг избор вклучете ги:
- правете чучњеви со бебето во раце,
- „авионче“ со подигање,
- танцувајте со музика држејќи го бебето,
- правете вежби за истегнување заедно.
Движењето станува игра и пример подоцна за вашето дете.
Како да останете доследни?
Не чекајте да дојде идеалниот момент туку облечете удобна облека и почнете. 10 минути дневно ви се доволни, па дури иа ако пропуштите вежбање еден ден продолжете утре.
Да бидете родител не значи да се откажете од себе и она што на вас ви е потребно.
10 минути движење дневно не се луксуз туку грижа за сопственото здравје.
Кога вие се чувствувате подобро и семејството е подобро.





