Бременоста е период на интензивни промени во организмот на жената, меѓу кои се и проблемите со устата и забите. Многу луѓе веруваат дека во бременоста мора да се расипуваат забите, бидејќи плодот го троши калцуимот од забите и дека "со секоја бременост се губи по еден заб". Ова, не е точно, затоа што мајката преку својата исхрана ги обезбедува сите потребни градивни материи за плодот. Но, точно е дека во бременоста постои зголемена подложност кон расипување на забите и заболување на непцата, што е резултат, пред се, на хормоналните промени што се одигруваат во организмот на жената, како и од постојаното грицкање и лошата орална хигиена.
Промени во здравЈето на забите
Утринската мачнина, желбата за одредена храна и општата малаксаност на трудниците во првото тримесечие може да се одрази на одржувањето на хигиената на устата, што резултира со нови кариеси на забите.
lТруднички гингивитис. Почнувајќи од вториот месец, па до крајот на бременоста, хормоналните промени се одразуваат на состојбата на непцата. Зголеменото ниво на хормони (естрогени и прогестерон) го олеснуваат развојот на бактерии во усната празнина и може да ја предизвикаат состојбата "труднички гингивитис". Таа се јавува кај 65 до 70 отсто од бремените жени и се манифестира со отечени, црвени непца, што лесно крвават. Промените на непцата се повлекуваат по породувањето.
lГингивални тумори. Кај бремените жени може да се развијат и т.н. труднички гингивални тумори (епулис или пиогена гранулома) - воспалителни, бенигни израстоци на непцата. Тие спонтано исчезнуваат, но ако пречат во џвакањето или миењето заби, стоматологот може да одлучи да ги отстрани.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.




