Летало, прво да ти кажам дека супер си напредувате (пу, пу, пу
). Моето бебенце првиот месец стави 1300, вториот само 600, третиот 700 гр. Кога мене почна да ме фаќа паника, лекарката ми рече дека се гледа целосната слика за бебето, не само колку грама ставило. Мене вака ми кажаа: „Бебето е весело, гуга, се смее, подвижно е, има убава боја на лицето и на телото, крвната слика му е добра (од паника ја носев и кога не треба да и проверат крвна слика) и затоа не е важно дали ставила 600 гр или кило. Убаво е да стави повеќе, ама и вака сте супер“. Лекарката ме искара дека ние мајките се тресеме само за тоа колку ставило бебето, ама дека во предвид треба да земеме се. Инаку, исто ми кажаа дека не треба да биде под 400 гр месечно првите три месеци.
За зелената столица јас се изначитав на интернет затоа што околу 3 месец и кај нас почна да се јавува. Премногу лесно лаиците ќе кажат :Ако кака зелено-, гладно ти е бебето. Тоа воопшто не е точно. Прво, вие сте и на адаптирано млеко, значи, бојата на каката тука веќе варира. Второ, столица на глад е зелена столица како пена (Ова го најдов на интеренет во Србија од СОС линија за помош на мајки) значи, стручно лице објаснува дека гладното бебе исфрла зелена столица ама со пенаста структура, (буквално беше опишано дека е како зелената пена што се фаќа над барите). Бојата зависи и од исхраната на мајката, ама и од тоа дли бебето добива и друга храна. Единствено сметам дека грешиш што млекото му го правиш сo Горска. НИТУ една минерална вода не е добра ниту соодветна за бебиња, само им го оптоварува мешето. И јас читам дека мајки ја даваат затоа што мислат дека е подобро отколку вода од чешма, ама бебињата не смеат да конзумираат минерална вода. Има специјална вода за бебиња од Хип и уште една фирма (не ми текнува сега која) само што е прилично скапа, едно шише е 110 денари. Мислам дека е подобро вода од чешма превриена убаво (јас ја оставам да се сталожи се што не треба на дното, па ја претурам внимателно).
Не се секирај толку, супер сте, уживај во бебушот
На редовната контрола ќе ти кажат најдобро, ама јас мислам дека немаш воопшто причина за секирација.
< Поракaта ја уредил Octavia -- 12.4.2011 14:30:50 >