Ви благодарам,LoveableMe RR и Hopeful. Јас сум кај др. Лазаревски во Систина. Тој ми е доктор долго време, уште од старата Систина. Кај мене почна пред 2 години, не се пазевме околу 7-8 месеци, и останав бремена, ама испадна вонматерична. Среќа, само со инекции се исчисти се, и не мораше да правам никакви интервенции. После година дена од тоа, бидејки ништо не се случуваше правев проодност на каналите, и едниот ми беше замрсен (не спротивната страна на која што беше вонматеричната) и правев лапароскопија за да се среди. се помина супер, и докторот, како што е позитивен, рече дека сигурно ке се решело со тоа се. Меѓутоа бидејки ништо не се случување, после неколку месеци направивме инсеминација, па уште една, па пробавме со ин витро на природен циклус, ама првиот пат имаше една јајце клетка -празна, а вториот, имше 2 ама недоволно развиени. И тогаш. се решивме да одиме на класично ин витро. Е после тоа, од фондот ги чекавме 3 месеци, бидејки ми дадоа ваучер ама со донорски јајце клетки. Немаа објаснување зошто, освен дека немало добри јајце клетки на 2 пункции што сум ги правела, иако никаква стимулација не примав. На мојот коментар дека да ги немало 2 пункции во документите немало да има проблем, докторот од комисијата ми одговори со ,највероватно,. и после жалбата и 2 месеци, завчера ми стигна известување дека ми ја прифакаат и ми одобруваат ваучер со сопствен материјал
. И за да имаме пак компликација, денес ми јавија дека имам бактерија на брисовите и утре ке видам дали ке се почнува терапијата или повторно ке се одложи. Ете така, се рапишував јас, извинете, ама веке се нервирам што не можеме да почнеме од глупости.. Поздрав до сите.