Лелее, ние дома нешто реновираме, еден куп гледам новости тука. Бубе10, честитки искрени од мене и имај лесна бременост позитивен тест е 99% позитивен, нема тука што. Батефлај, многу ми е жал, но искрено ти посакувам да се извлечеш од ова поскоро, да бидеш силна, имаш смрзнати ембриони, па следниот пат ќе биде се полесно, ете имаш на форумот искуство за тоа.
Кате.. било кој тест покажува бременост, иако на 12-ти ден е рано, најдобро е преку крв. Ајде, чекаме убави вести.
Девојки, закав да ве замолам, секако доколку сакате, да си ставите во својот потпис (кој ќе се појавува секогаш кога пишувате на форумот) за тоа колку време се обидувате да забремените, кои постапки сте ги поминале, инсеминација, ИВФ, терапија некоја дали примате и сл. Тоа ќе ни помогне подобро меѓусебно да се запознаеме и да си размениме искуства доколку имаме слични, за постапката за забременување. Инструкции како се прави тоа ќе ви пишам во делотШто кажува вашиот потпис за вас? Јас веќе го направив тоа, фала ви, позз
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 17.12.2013 12:58:04 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!