Промените кои се природен дел од бременоста. Како хормоните влијаат на структурата и изгледот на косата кај бремени жени?
Многупати сме спомнале дека бременоста носи бројни промени во телото и физички и емоционални. Една од првите и највидливи промени што многу жени ја забележуваат е косата.
Таа може да стане погуста, посјајна и пообемна, но кај некои жени се случува спротивното. Косата во бременоста станува сува, кршлива или почнува да опаѓа.
Па се прашуваме која е причината. Причината се хормоните.
За време на бременоста, хормоналниот систем работи со зголемен интензитет за да го поддржи растот и развојот на бебето. Тие промени директно влијаат на фоликулите на косата и на циклусите на раст.
Клучни хормони што ја менуваат косата за време на бременоста
1. Естроген - хормонот кој го продолжува растот на косата
Нивото на естроген значително се зголемува за време на бременоста.
Естрогенот го продолжува времетраењето на фазата на раст на влакното таканаречена анагена фаза.
Резултат на ова е: помало опаѓање на косата паѓа, косата станува погуста, изгледа посилно и поздраво и има повеќе сјај.
Ова е причината зошто многу бремени жени добиваат оној „труднички сјај“.
2. Прогестерон - хормон кој може да ја направи косата посува
Иако прогестеронот има своја важна улога во одржување на бременоста, тој често доведува до: сува коса, поголема кршливост на влакното, изразена текстура односно кај некои жени станува повеќе брановидна или кадрава.
Ова се случува бидејќи прогестеронот ја намалува активноста на лојните жлезди па така косата добива помалку природни масла.
3. Андрогени - хормони кои можат да променат ја густината и масноста на косата
Некои жени доживуваат покачени нивоа на андрогени за време на бременоста.
Тоа може да предизвика: побрзо мрсење на косата, појава на тенки влакна, поретко опаѓање или, кај некои, поголемо опаѓање.
Што се случува по породувањето?
По раѓањето на бебето, нивото на естроген нагло паѓа.
Тоа го активира процесот наречен постпородилно опаѓање на косата, кое најчесто се сличува околу 2 до 4 месеци по породувањето.
Сите оние влакна што останале „задржани“ во фаза на раст, сега истовремено опаѓаат.
Ова е сосема природно и не значи дека жената ќе остане без коса, Обично трае 3 до 6 месеци, а најоптимално косата се стабилизира во рок од 9 до 12 месеци.
Како да се одржува косата за време на бременоста?
- Користете нежни шампони без силни сулфати.
- Нанесувајте маски и природни масла како на пример од: кокос, арган, бадем.
- Избегнувајте чести хемиски третмани: фарбање со амонијак, агресивно израмнување.
- Намалете го користењето на пегла, фен на висока температура и слично.
- Хранете се со намирници богати со железо, цинк и омега-3.
Хормоните за време на бременоста имаат огромно влијание на густината, структурата и сјајот на косата. За многу жени ова може да биде период кога косата изгледа најубаво, но кај други може да се појават спротивни промени. Сè зависи од индивидуалниот баланс на хормони и генетиката.
Најважно е да се знае дека сите овие промени се природни, привремени и дел од една длабока трансформација бидејќи телото е во фаза на создавање нов живот.





