Почитувана Докторе,
Ви благодарам што неуморно одговарате на нашите прашања.
Мојата две ипол годишна керкичка, во последно време почна да пелтечи...Уште кога почна да кажува по некоја реченица, почна да ц,цка ( нешто како тикови) а потоа кога почна да кажува по некоја реченица почна да ги повторува првите зборови по неколку пати, на пример - "мамо,мамо,мамо ја ака пие вода" а сега почна да ги повторува првите слогови од зборот ( ко,ко,ко,кока кола ака, или ма,ма,ма,мамо јас ака,ака пие вода ) ова стана се поизразено, а нас почна да не загрижува се повеке и повеке. Има денови кога многу е ова изразено, а има денови кога помалку, скоро воопшто и нема да печтечи... Читавме многу за оваа појава, ги применуваме сите совети што ги прочитавме, не ја прекинуваме кога сака да каже нешто, ја ислушуваме и зборуваме полека, но не се менува ништо! Дали ова треба да не загрижува или да почекаме уште некој период пред да посетиме логопед? Извинете што Ви одземаме од времето, но ке Ви бидеме многу благодарни ако ни одговорите.
Поздрав и секое добро!!!!
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.