cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Воспаление на уво

  
clock-img

25.09.2009, 20:51

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Воспаление на средното уво кај бебињата е многу честа појава и се карактеризира со изразена болка што најчесто се јавува ноќно време.Најчесто настанува како резултат на воспаление на горните дишни патишта(носот,грлото и крајниците)при што инфекцијата се пренесува преку Естехиевата труба во средното уво.Доколку бебето плаче силно иако е нахрането и пресоблечено треба да алармира на болка која,ако е во пределот на ушите,бебето ќе ја манифестира со вртење на главата и со допирање на ушите со рачињата.Најчесто е пропратена со температура,немирен сон затната носе и сл.
Многу дечиња страдаат од ваков проблем и имам слушнато дека постои некој народен лек кој се подготвувал од глувци новороденчиња без влакна и се ставале да отстојат подолг период во зејтин Со тек на време тие се распаѓале а зејтинот служел како лек при вакво воспаление.Се капнувало од зејтинот во секое уво.Една комшивка прави ваков лек и многу родители знаат и сред ноќ да ја рзбудат за да земат од лекот.Што мислите вие за оваа?Јас сум немала таков проблем и немам ставено па се прашувам доколку имам дали би го употребила?user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 18.1.2010 9:00:19 >

clock-img

05.01.2010, 09:37

clock-img

mis.

pencil-img

3845

КАКО ДА ПОЗНАЕТЕ ДЕКА БЕБЕТО ИМА ВОСПАЛЕНИЕ НА УВО Воспалението на уво е многу честа појава кај децата од предшколска возраст, особено во зимските месеци. Најчесто е тешко да препознаете дека се работи за воспаление на уво, но можете да обратите внимание на некои знаци кај бебето. Ако се сомневате дека бебето има боспаление на увото, однесето го да биде испитано од неговиот педијатар. Често пати воспаление на увото се јавува после прележана настинка. Ако бебето кашлало или му течел носот, а неколку дена после тоа одеднаш качи температура, има голема веројатност дека се работи за воспаление на увото. Кога увото е воспалено, тоа може да му предизвикува болка на бебето при доењето и голтањето. Ако кога го доите или храните бебето со шише, наеднаш се трга од болка, посетете го неговиот лекар. Има голема веројатност дека се работи за воспаление на уво. Ако бебето е веќе проодено, во случај на воспаление на уво можеби ќе приметите дека има проблем со рамнотежата и е понеспретно од вообичаено. ШТО ГО ПРЕДИЗВИКАУВА ВОСПАЛЕНИТО НА УВО Естахиевата туба во увото го поврзува средното уво со носот и грлото, тоа може да направи да дојде до проширување на бактериите од грлото и носот во увото. Кога естахиевата туба функционира нормално, не дозволува течноста да се пренесе до увото, туку се слева надолу. Но во случај на настинка, алергија ит.н. естахиевата туба може да отече и течноста да остане задржана во неа. Ако во течноста има бактерии, тие таму наоѓаат погодно место за да почнат да се размножуваат. Ушното тапанче исто така се воспалува, а телото ја покачува температурата во обид да се избори со инфекцијата. Причина за тоа што децата се посклони кон воспаление на увото е што кај нив естахиевата туба е 3 пати пократка и е хоризонтална. Како што расте детето, таа ќе се издолжи и ќе завземе повертикална положба, што ќе ја спречува инфекцијата. Антибиотиците може да помогнат бактеријата да се исчисти брзо, но за да исчезне течноста која е останата во тубата, може да биде потребно и да поминат седмици. ФАКТОРИ КОИ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ МОЖНОСТА ЗА ВОСПАЛЕНИЕ НА УВО

  • Ако му дозволувате на бебето да пие од шише, во лежечка положба.
  • Ако му давате вештачки формули на млеко, наместо да го доите. Доените бебиња поретко добиваат воспаление на уво.
  • Ако му давате цуцла.
  • Ако детето е изложено на чад од цигари.
  • Носењето во градинка на мали бебиња, каде е зголемен ризикот да дојде во допир со настинка или кашлица.
ДАЛИ ВОСПАЛЕНИЕТО НА УВО Е СЕРИОЗНА СОСТОЈБА Воспалението на уво може да предизвика голема болка кај бебето. Иако многу ретко, може да се случи да дојде до пукање на ушното тачанче. Ако се сомневате дека се работи за воспаление на увото, однесете го бебето на лекар. Повторувачки воспаленија на увото може да доведат до оштетување и губење на слухот. Иако ова се случува ретко потребна е интервенција за да се спречи тешка инфекција или повторување на истата. Понекогаш можеби ќе приметите дека од од увото истекува жолтеникаво-крвава течност. Тое е знак дека се создала мала дупка во ушното тапанче, која најверојатно ќе заздраве во рок од 2 седмици, но бебето треба да го однесете на лекар. Воспалението на уво е честа појава, која бара лекарска интервенција, но ретко остава доглотрајни последици. ТРЕТМАН НА ВОСПАЛЕНИЕ НА УВО Задолжително однесете го бебето на лекар. Воспалението се третира со антибиотици, најчесто со Амоксицилин. Различни антибиотици делуваат врз различни бакерии. Па изборот на антибиотикот ќе зависи од тоа кој е причинителот на инфекцијата. Ако лекарот утврди дека антибиотикот не делува како што е очекувано, ќе го промени со друг антибиотик. Секогаш дајте му ја целата препишана терапија на бебето, дури и ако гледате дека настанало подобрување. Тоа ќе овозможи инфекцијата да биде целосно поништена и ќе ги намали шансите да дојде до нејзино повторување.

< Поракaта ја уредил Еца -- 18.1.2010 9:00:37 >

clock-img

05.01.2010, 11:10

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

има некоја мамичка со искуство на оваа тема???

< Поракaта ја уредил Еца -- 18.1.2010 9:00:53 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

18.01.2010, 09:03

clock-img

Еца

pencil-img

6692

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Ете и тоа ни се случи... Аман веќе... Како можеше се да биде супер 10 месеци, последниов месец температура, па сега и воспаление на надворешното уво. Во саботата спрема неделата јас качив температура 38 со 6... и малаксана легнав во 23 часот. мм го заспал син ни, кога го слушам околу 1и15 плаче, вришти не може да се смири... го земав го нишкам не можам да го смирам, прво што си помислив да не му е црвено курето или воспаление на увото. Отидовме на детско, му измерија Т (36 со 4), му го проверија стомачето, тестисите, курето, и на ушите... Десното му било воспалено повеќе, левото помалку... Како што ни кажаа се работи за воспаление на надворешното уво. Таму му дадоа Парацетамол и Фенобарбитон, и ни препишаа терапија Алмацин, Отол Х (капки за уво) и Оперил (капки за нос). Вчера беше како ништо да не му е...  



ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

рипче немаше температура а само плачеше?

бидејќи деновиве Дамјан ноќе плаче јас мислам да не му е од забиве ама многу плаче незнам што му е



ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Секое дете, барем еднаш фаќа воспаление на увото, барем од она што го имам видено до сега. И јас патев од тоа доста време додека бев мала и најмногу ми помагаше во марамче ке ставеа ориз и загреано на печка или парно и да се држи на увото, ја смирува болката, во случај пак да му се појави.

Професорица, за да видиш дали му е од увото, пробај со мал притисок врз едното, ап другото уво, со прст- како да притискаш копче. Ако почне повеќе да плаче(читај писка) можно е да е до увото. Нас така ни кажа матичната, за да не го носиме на секој сомнеж на лекар




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

18.01.2010, 09:06

clock-img

mis.

pencil-img

3845

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.


Многу дечиња страдаат од ваков проблем и имам слушнато дека постои некој народен лек кој се подготвувал од глувци новороденчиња без влакна и се ставале да отстојат подолг период во зејтин Со тек на време тие се распаѓале а зејтинот служел како лек при вакво воспаление.Се капнувало од зејтинот во секое уво.Една комшивка прави ваков лек и многу родители знаат и сред ноќ да ја рзбудат за да земат од лекот.


Рипче ако можеш да најдеш такво нешто нема потреба да му даваш никакви лекови.Овој лек е гарантиран 100%

clock-img

18.01.2010, 09:07

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

рипче немаше температура а само плачеше?

бидејќи деновиве Дамјан ноќе плаче јас мислам да не му е од забиве ама многу плаче незнам што му е



Професорице немаше температура како што кажав на детско одделение му измерија 36 со 4... ама плачењето не се слуша, буквално боди во срце... такво плачење во животот на се слушналаuser posted image user posted image user posted image Истата вечер детето 3 години на наши пријатели исто така завршило на детско со воспаление на надворешното уво...


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

18.01.2010, 09:09

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Лани Мартина имаше воспаление на увото, па јас и ставав затоплена крпа на ушето бидејќи беше 4 наутро(и јас сум имала многу проблеми со ушите од лично искуство можам да кажам дека таа болка е многу силна и со ништо неспоредлива. Знам само дека на мене мајка ми ми ставала топли крпи,) Сепак лекарства се неоходни, не ми текнува сега за која точно билка се работи, но многу помага.Доволна е само една капка од неа, леле ќе го дознаам името и ќе ви пишам, така ги лекувале порано дечињата. Знам дека расте на покривите.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

18.01.2010, 09:12

clock-img

mina_m

pencil-img

480

jas znam deka so zejtin od kantarion na pamukce se navlaznuva i se stava vo uvo i vednas pominuva ni uvo ni grlo taka boli,nema potreba od nikakvi antibiotici,provereno e ...

clock-img

18.01.2010, 09:13

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.


Многу дечиња страдаат од ваков проблем и имам слушнато дека постои некој народен лек кој се подготвувал од глувци новороденчиња без влакна и се ставале да отстојат подолг период во зејтин Со тек на време тие се распаѓале а зејтинот служел како лек при вакво воспаление.Се капнувало од зејтинот во секое уво.Една комшивка прави ваков лек и многу родители знаат и сред ноќ да ја рзбудат за да земат од лекот.


Рипче ако можеш да најдеш такво нешто нема потреба да му даваш никакви лекови.Овој лек е гарантиран 100%



Јас кога бев мала многу страдав од ушите... не знам само колку инјекции сум примала, па на зрачење ме носеа... Болката е невидена... мислам дека нема ништо полошо од тоа да те болат ушите... Моите уште што не пробале... На крај баба ми и рекла зашто не го однесете детето кај некоја бабичка кој исто така знам ми ставаше некакво масло и преку ноќ ми помина, после кога пораснав 3-4 одделение уште еднаш ме повтори. Баш вчера разговаравме со баба ми кажа дека бабичката по се изгледа дека починалаuser posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

18.01.2010, 09:17

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Лани Мартина имаше воспаление на увото, па јас и ставав затоплена крпа на ушето бидејќи беше 4 наутро(и јас сум имала многу проблеми со ушите од лично искуство можам да кажам дека таа болка е многу силна и со ништо неспоредлива. Знам само дека на мене мајка ми ми ставала топли крпи,) Сепак лекарства се неоходни, не ми текнува сега за која точно билка се работи, но многу помага.Доволна е само една капка од неа, леле ќе го дознаам името и ќе ви пишам, така ги лекувале порано дечињата. Знам дека расте на покривите.



Еца ја знам билката и мене ми капнуваа од неа само и јас не го знам името, ајде ќе се потрудам и јас ќе прашам кај баба ми. Инаку ова со топлите крпи многу помага, јас не ставав крпи, цела цигла ќе ми ја затоплеше мајка ми, одозгора една крпа и после на уво.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

18.01.2010, 09:17

clock-img

zami

pencil-img

574

eci, mislis na ona vo vid na katus sto e, ne go znam imeto ama lici na aloe vera, samo e pomalo i se odgleduva i vo saksii, edna kapka od nego vo uvoto, toa go imam i jas slusnato.

clock-img

18.01.2010, 09:22

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Да значи знаете на што мислам, ајде да го дознаеме името на таа билка, но многу ефикасна е и најважно дека е природна, ако навистина може да се одлегува во саксија, тоа би требало секоја од нас да го има дома.ЗНам дека скоро на секоја куќа расте. Барем по селата.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.01.2010, 19:51

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Ние денес престанавме да ставаме капки пошто така ни кажаа 3-4 дена да се ставаат и после да престанеме... инаку после таа кобна ноќ, сабота спрема недела не плачел, веројатно веќе не го боли... не дај боже да се повтори. Инаку Аламацинот ќе пролжиме да го пиеме уште утре, вкупно 5 дена.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

20.01.2010, 19:57

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Ајде рипче тоа што било да помине и никогаш да не се поврати и да се заборави.user posted image user posted image user posted image за вас

clock-img

11.02.2010, 15:07

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ете и на Миа и открија воспаление на увото. Онакво плачење не сум слушнала во животот, срцево ми се скина синоќа user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

11.02.2010, 15:08

clock-img

mami

pencil-img

8680

И? И дадоа терапија нешто? сонце убаво, па кај ја најде сега?

clock-img

11.02.2010, 15:11

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Цефаклор и Парацетамол при јака болка. Ама само што ја допре иако спиеше кога писнааааuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

11.02.2010, 15:12

clock-img

mami

pencil-img

8680

леле душиче..се сеќавам внук ми додека го чувавме дека фати воспаление и вриштеше како никогаш до тогаш..сонциња, којзнае колку ги болиuser posted image user posted image user posted image

clock-img

11.02.2010, 16:28

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Знам колку боли, како мала често си патев од воспаление на ушите, а и да не знам, по плачењето можам да заклучам дека навистина многу болиuser posted image

Палешка на нас многу ни помогнаа тие капките што ги стававме Отол Х , уште првиот ден кога му ставив престана да плаче, пак си стана весел... само едвај успевав да му ставам, не дава, плаче, колца, не можев да го додржам...
Инаку и ние пивме антибиотик - Алмацин, мислам дека 5 дена беше.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

12.02.2010, 07:11

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Незнам дали може на бебиња да се става рипче? Докторката не спомна капки, само рече да ставаме топло. Јас поучена од вас загревав ориз, го ставав во нејзино чорапче и воопшто не ја болеше синоќа.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

12.02.2010, 08:22

clock-img

mina_m

pencil-img

480

paleska,probaj so nekolku kapki kantarion da kapnes na pamukce(malku povlazno da bide pamukceto)i stavi i vo useto,veruvaj pomaga...

clock-img

12.02.2010, 08:38

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Мартина на три месеци имаше мало воспаление на ушето, педијатар ни даде капки, ама ете обиди се со кантарион. Оф срце мало, срце ми се кине вака кога ќе прочитам, души милиuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

12.02.2010, 09:26

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

освен загреан ориз во чорапче, помага и загреана сол. И двете материи се хигроскопни и впиваат вода/гнојче од ушето.
Инаку, ПРОВЕРЕН ЛЕК:
зелениот лист на празот се загрева на рингла (да не изгори). Листот пушта масло, кое се капнува во ушето и се затвара со малку памукче. Гарантирано помага.

clock-img

12.02.2010, 09:39

clock-img

riba79

pencil-img

683

Добро утро на сите јас само што се зачленив и се надевам на добро дружење.Би сакала да ви кажам еден лек за воспаление на уво кое и го дамав на мојата керќа која во јуни ќе пуни 5г.Во увото се капнува 1-2 капки од цвеќе кое го викаат чувар на куќата(зелено е има листови како мала палма).Се користи за многу болести ,а порано војниците кога немало вода го јаделе зашто е сочно.Се надевам на некого помогнав.Поздрав

clock-img

12.02.2010, 09:45

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Риба 79, ДОБРЕДОЈДЕ!!!user posted image user posted image user posted image
Да, да, и за овој лек сум чула дека е топ! Исто и за ореово масло... Ти благодарам.
П.С.: се надевам ќе не дружиш често...

Последни статии

article-img