lolla RR, тек сега гледам. Користам ацедофилен јогурт на Виндија, се вика Ацедофилно млеко. Варијанта на АБ Култура е, има корисни бактерии и супер е на вкус. Има полномасна и лајт верзија, за бебиња нормално оди масната. Кисело млеко давам најчесто од Суташ, макар што имам дадено и Бучен Козјак, Здравје Радово... не знам, немам информации кое е најдобро па пробувам. Инаку цвекло немам дадено се уште.
Вчера менито ни беше:
- сутлијаш со вишни (интегрален ориз, круша, вишни, банана, малце млекце)
- благ компир батат (портокалов и виолетов), морков, црвена леќа. Додадов сосема малце кисело млеко заради М, нешто се нечкаше па пројаде.
Денес:
- просо, јаболки, банана, вишни, кисело млеко (хит!)
- рижото со интегрален ориз, грашок, морков, целер, пашканат, маслиново масло и бидејќи беше стварно грозно на вкус, морав да ставам кисело млекце
За утре планирам палента со овошје сабајле и телешко месо со зеленчук за ручек.
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015