Мами, помагајте - мм се врати од аптека со 3 спрејчиња за нос што му ги дале, но не знам дали може на 1 месечно бебе да ги прскам: 1. Isomar baby - изотоничен без конзерванси, но пишува за над 6 месеци 2. SeptoAqua - пишува дека е и за бебиња до 1 година, но покрај морска вода има и некои минерални соли во составот, не знам дали смета тоа 3. Marisol Ние ставаме физиолошки во капки за сега, ама уште крчи. Можам ли од овие спрејчиња да ставам на волку мало бебе или кажувајте нешто друго.
под 2, дефинитивно од најмали, на прематурчиња го препишуваат.
17.03.2016, 19:34
Bea
394
Фала Neurotoxin.
17.03.2016, 19:46
lolla RR
925
Neurotoxin, ме исплаши со ушите. Не знаев дека смета. Ке купам утре Септоаква, валда ги има во секоја аптека.
17.03.2016, 20:20
Neurotoxin RR
413
Кај нив сеуште е хоризонтален каналот од носето до ушињата, затоа често секретот од носот прави воспаление и на ушињата, а вода вво неконтролиран внес во носот (велам неконтролиран зашто од шприц оди во млаз, не се распрснува убаво) може да помине во тие канали и да направи некое воспаление во ушето, а и нема ефект, не ги промива самите ресички каде најчесто се закачува причинителот вирус или бактерија, или пак слузот тука е ги лепи истите па тие ја губат функцијата. Затоа спрејчињата што ги прават денес се со посебен притисок и моќ на распрснување за да можат да ги промијат тие ресички и воедно да ја навлажнат слузницата.
19.03.2016, 20:26
СветлеБ
17
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea
Мами, помагајте - мм се врати од аптека со 3 спрејчиња за нос што му ги дале, но не знам дали може на 1 месечно бебе да ги прскам: 1. Isomar baby - изотоничен без конзерванси, но пишува за над 6 месеци 2. SeptoAqua - пишува дека е и за бебиња до 1 година, но покрај морска вода има и некои минерални соли во составот, не знам дали смета тоа 3. Marisol Ние ставаме физиолошки во капки за сега, ама уште крчи. Можам ли од овие спрејчиња да ставам на волку мало бебе или кажувајте нешто друго.
Јас на малиот му ставам SeptoAqua, убаво распрскува и му земав аспиратор од Canpol Babies и сум задоволна. Златото се мачеше со носето, а сега постепено му се одзатнува. Повеќе време треба и упорност.
09.05.2016, 16:02
lolla RR
925
Бескрајна благодарност за препораката за Септоаквата, сега кога има нечистотија не е борба да му шприцнам физиолошки. Закон работа.
14.05.2016, 11:22
СветлеБ
17
Во секое време Јас пробав повеќе работи, но септоаквата е закон. Најлесно може да се стави, колку и да мрда. Овој малиот мој не дава нисто, ама со спрејчето набрзина успевам да му шприцнам.