15.11.2011, 21:53
3613
Охридскиот портал Охрид 1, објави сметка на родилка која треба да плати данок на управата од речоси 1,400 денари. Од фондот за Сител велат дека не се запознаени за ваков случај. Ниту им е јасно зошто упрвата испраќа даночни решенија до родилките кога се работи за боледување. Од управата за Сител велат дека персоналниот данок е утврден според остварените приходи исплатени од страна на работодавачите или фондот за здравствено осигурување, па така исплатата од фондот која се префрла во наредната година влијае на утврдувањето на данокот, односно задоцнетите месеци од страна на фондот треба да се оданочат, а тој данок во случајот треба да го платат родилките.
извор: Сител
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

Управата за јавни приходи деновиве испорачала решенија персонален данок на доход да платат и мајки што минатата и предминатата година биле на породилно боледување. "Неколку месеци додека бев на породилно боледување и чував бебе бев оставена без денар, а сега уште државата бара за парите што ми беа исплатени со задоцнување и данок да и Платам", револтирано реагира жена која добила даночно решение реагираат дека неколку месеци додека биле на породилно и чувале бебе биле оставени без денар, а сега државата од нив бара и данок да платат за пари кои им следуваат по закон. Во УЈП објаснуваат дека во овие случаи со парите од породилното бил надминат лимитот за лично ослободување кај персоналецот. Родилките место во текот на една календарска година да добијат 12 плати, за колку што важи ослободувањето од околу 80.000 денари, поради задоцнетите исплати од Фондот за здравство, во една година зеле повеќе од 12 плати. "Персоналниот данок на граѓаните УЈП го утврдува на годишно ниво, односно на приходите кои граѓаните ги оствариле и им биле исплатени во текот на една календарска година од работодавците. Во конкретниот случај, станува збор за породилното боледување исплатено од Фондот за здравствено осигурување. Ако Фондот извршил задоцнети исплати кои се префрлени во наредна календарска година, тоа влијае и врз утврдувањето на данокот и користењето на годишното даночно ослободување по основа на плати. Наједноставно кажано, за секое префрлање на исплати на приходи во наредната година, граѓаните го губат правото на користење на даночното ослободување", вели Весна Новаковиќ, портпарол на УЈП.
За да оствариш право за паричен надоместок за породилно е потребно да имаш 6 месеци непрекинат работен стаж во фирмата, мислам на тоа да бидеш пријавена.
. Сега ФЗО се поврза со УЈП и нема потреба од купот документи што го носев до пред една год.



