За жал во нашата средина се уште не постојат стручно специјализирани курсеви за трудници, но тоа не е никаква пречка да не бидете активни. За бремените жени и пешачењето е одлична рекреација, истотака и пливањето, статичен велосипед или трака за одење (ако е претопло или студено надвор), справите од типот на Орбитрек се одлична алтернатива. Нема никаква потреба да се откажувате од аеробикот или пилатесот, само намалето го интезитетот и осигурајте се дека вашиот инструктор има некакво искуство во работата со трудници. Сепак, треба да има одредени познавања и да ве насочи на што да внимавате додека вежбате, или пак да ви покаже алтернативна вежба додека останатите вежбаат регуларно. Денеска медуимите се преплавени со секакви информации, совети , консултации и слично, а често читајќи ги можете да се збуните и да се исплашите велејќи си „па тоа се милион нешта на кои треба да внимавам, најдобро е да прекинам“. Искрено , ако се чувствувате добро, само ќе згрешите ако прекинете. Запомнете дека треба да го следите и слушате своето тело и да не се доведувате во состојба на изнемоштеност. Застанете во првиот ред, разговарајте со инструкторот одвреме на време, ако можете да вежбате и да зборувате без да губите здив, тогаш сте на вистинскиот пат. И уште нешто на кое треба да внимавате е да внесувате многу течности, па дури и кога не ви се пие толку вода. Намалето го темпото и фреквенцијата на тренинзите - ако сте вежбале 3 пати, намалете на 2пати неделно. Или ако ви пречи гужвата во сала, миризбата или едноставно не сте во расположение, тогаш прошетајте една маршута токму во терминот за тренинг. Имате навистина разни алтернативи, но не се откажувајте. Пак ќе нагласам, само ако добро се чувствувате. Денеска постојат и ДВД изданија за домашна употреба, но нив би ги препорачала само ако имате претходно вежбачко искуство! Не се потполно безбедна варијанта ако почнувате со вежбање токму во бременоста. Подобро почнете со пешачење и брзо одење, отколку да изведувате вежби кои не сте ги правеле никогаш претходно и без надзор на инструктор. Кога зборуваме за вежбањето во бременоста, секако би се повикале и на фактот дека оние жени кои вежбаат и побрзо се враќаат во форма по породувањето. Можам да кажам дека ако сте потполно здрави , нема потреба да ја „губите“ воопшто , за да ја „враќате“ формата. Враќањето во сала по породувањето треба да го правите постепено и без разочарувања. Ако сте биле дисциплинирани пред и за време на бременоста, верувајте брзо ќе го постигнете темпото кое го сакате на вашиот тренинг. Лекарите пред 20 години биле категорични дека за време на бременоста треба да се избегнува било каква физичка активност, подоцна „попуштиле“ за професионалните спортистки на кои им било дозволено вежбање. Денес, не само што го препорачуваат туку сугерираат единствено да внимавате на срцевата работа да не биде повеќе од 140 bpm. Секако, нема да ви падне на памет бремени да јавате коњи, да скијате, да скокате банџи или да се занимавате со скуба нуркање :) Убавината на една млада мајка не е во нејзиниот физички изглед, туку во широката насмевка и сјајот во очите што и го подарува радоста на мајчинството. Но, сепак имајте на ум, дека грижата за вашето малечко, почнува преку грижата за своето тело. Секое бебе заслужува здрава и насмеана мајка. За авторот

Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да останеме верни на себе во све...
Живот

Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимните моменти со семејството. ...
Живот