Martins mom -> RE: Која би била причината за развод? (25.9.2012 0:30:50)
|
Мајка на Ева, милјарда пати сум била во твојата ситуација и сум се прашувала “што барам јас тука со овој човак, како странци сме, ни тој ме познава нити јас го препознавам веќе“ , тотално се изгубивме, а што е најлошо кога ќе го седнам да разговараме ми вика Аман од тебе, пак нешто ти фали?! И тука ме сече и нема шо да зборам веќе. Лутината ми станува уште поголема кога ете како на пример вечерава, ептен ми е лошо, повраќав, а тој воопшто не се ни сврте да праша како ми е.Абе порано гиневме еден за друг, а сега сме...не знам ни што сме. Најмногу од се сум мразела формален брак,ама ете...Некогаш пак ќе му текне ќе ми изјавува љубов,ама џабе,не сум тој тип што одма ќе смени расположение и ќе му го брка ќефот кога ќе посака неговото Височество. Не знам стварно како да си помогнеме, јас не се замарам веќе и си фурам ко што ми одговара,ако се најдеме негде по пат-ок! А причината за ова гарант е немањето време еден за друг и умората и исцрпеноста, ама сепак и тоа не е оправдување, ако се сака се може, ама тоа е...За нормален брак треба двајца нормални луѓе,ако едниот чкрипи,другиот и на глава да стои,џабе е...
|
|
|
|