mother 29 -> Ин витро и религијата (9.4.2010 10:08:41)
|
Исламот ја штити крвната лоза, односно рднинската врска, така што го забранил зиналукот и правната адопција (посинување), што недвосмислено го чува семејството давајќи до знаење дека никој од страна не може да влезе во него. Од друга страна, на муслиманите им е пропишан брак како легална институција со која се чува крвната лоза. Возвишениот Аллах рекол: „На Аллах му припаѓа целата власт на Небесата и Земјата. Создава она што сака. Кому сака – му поклонува женски деца, а кому сака – машки, или им дава и машки и женски, а кого сака – го остава без пород“. Со овој ајет Возвишениот Аллах ни појаснува дека тоа е Негова волја. Се зависи од Неговата волја, моќ и знаење. Меѓутоа, човекот незнае дали Аллах го оставил без породи го направил неплоден. Затоа должен е да ги бара причините за својата евентуална стерилност. При тоа не смее да се предава и мири со фактот додека во потполност не ги испита причините за неимање деца.Ваквите оплодувања истотака носат низа друштвени и морални проблеми кои во ислам се строго забранети. Затоа исламот го забранил вештачкото оплодување доколку донаторот на семето не е сопругот. Славниот научник шејх Шелтут по овој повод рекол: „Тоа е презрено, опак криминален чин и голем грев. Ваквото оплодување треба да се стави на ист ранг со зиналукот. И едното и другото (зиналукот и вештачкото оплодување во кое донаторот не е сопругот) се од иста природа и имаат исти последици. Помеѓу таа жена и донаторот на тоа семе нема никаква законита брачна врска која ја штити законот на природата и небескиот закон. И да нема непотполности во начинот на овој криминален чин, таквите оплодувања би се третирале како блуд и би биле казнувани со истата казна која ја пропишува Аллаховиот шеријат за зиналук. па сега јас само прашувам, мојата совест ми вика дека ова е лишување од нешто најсвето!Посвето од сите вери и религии! секоја чест на тие што си поштуваат и на тие кои имаат обратно мислење!не сме ние тука да осудуваме,сакаме само лични и искрени мислења,чувства.......можеби искуства!?
|
|
|
|