niki -> RE: Инсеминација со донор (21.5.2010 18:23:53)
|
Од етичка гледна точка е погрешно некој од семејството на мажот да биде донор. Како ќе му се објасни на детето дека некој чичко во исто време му е и биолошки татко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] И понатаму како тоа дете ќе го прифати тоа, веројатно има можност да го отфрли посвоениот татко и да го прифати биолошкиот бидејки ќе му е на дофат на рака. Плус се создаваат заплеткани роднински врски кои дополнително ќе го комплицираат животот на сите во семејството. Згора на тоа донорот од семејството утре задутре кога ќе го гледа детето како расте пред него може да се предомисли па да создава проблеми... Плати си најдобро, некој донор од далеку кој потпишал дека се откажува од родителски права и живеј си мирно. Дури и да го бара еден ден детето и да го најде, тоа неможе да доведе до разнишување на врската со родителите кои го изгледале.
|
|
|
|