|
ripce -> RE: Ви недостига ли бременоста? (3.2.2010 13:13:54)
|
Јас едвај чекав да се породам, цело време зборував ајде кога ќе се породам, ајде кога ќе се породам, бев стварно досадна, и дури им се налутив на моите на денот кога ми беше термин дека не сакаат да ме носат во болница, а немав никакви симптоми на породување... и што ќе ми прават ме однесоа во болница, кадешто лежев 5-6 дена додека да се породам. Имав навистина тешка бременост од 2ри месец почнав да повраќам, се што ќе ставев во уста ќе го повратев, дури и водата, и бев ослабнала 10 кг... после 5-6 месец малку престанав, ако како ми ги дадоа антианемиците пак почнав, и така се до породувањето. Неколку пати ми се случи излезена надвор да ми се слоши, се црно пред очи, така да бременоста буквално ја преседов дома, и во кревет. Имав многу лесен пораѓај, не можам да се жалам. А што се однесува до втора бременост по породувањето бев ни ваму-ни таму, сега сум одлучена дека нема да раѓам повторно, не толку заради самата бременост и породувањето, колку заради други причини, можеби во иднина ќе сменам мислење.
|
|
|
|