|
Еличка -> RE: Ви недостига ли бременоста? (27.6.2010 17:44:23)
|
Немав некоја тешка бременост, ама баш ич не ми недостасува. Ме нервираше одењето на мочкање секој пола сат, земање крв секој месец, жештините, многу ми беше топло, посебно последните месеци, бидејќи се породив во септември. Едвај го издржав тоа лето, најтопло во мојот живот. Ми сметаше тоа што не можев подолго време да шетам, заради претходно спомнатата потреба за веце, бидејќи не сакав да одам никаде освен дома, да не закачам некоја инфекција. И ако родам уште едно, ќе планирам да се породам пред да почне летото.
|
|
|
|