Bitolcanka -> RE: Последно прочитано (25.8.2010 12:22:52)
|
Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие. Опишан е животот на една млада, 16-годишна девојка, којашто, поради немоќноста за работа на својот татко, принудена е да слугува во една богата куќа. Ги работи сите домашни обврски, а по извесно време му е и асистент по сликање на господарот на палатата. Неговата сопруга, мајка на 10-тина деца, на крајот дознава за нејзината улога кај сопругот, па девојката приморана е да си замине од таму. Во наследство и' се оставени бисерните обетки од госпоѓата, со коишто е насликана на платното - последна слика на уметникот. Вреди да се прочита, ја прочитав во еден здив. Инаку, повеќе ми се допадна книгата со сличен наслов-Девојката со портокали (одамна ја имав читано).
|
|
|
|