blond -> RE: Пушење во близина на бебе/дете (4.8.2011 19:28:59)
|
Пред да останам бремена пушев ко турчин, носекогаш избегнував да запалам цигара пред бебе/дете. Откако ги добив [sm=modricrtici.gif] веднаш престанав да пушам. И сум многу среќна за тоа. Откако ја реновиравме куќата јасно им кажав на сите дека нема пушење горе. Долу кај с&с што сакат нека прават, горе цигара не. Мм е пушач, золва ми и золвичникот исто, свекорот не пуши често, ама кога ќе се распуши крај му нема цела пакла пуши за еден час. И поради тоа кога се тука фино лепо си излегуваат надвор да пушат или одат долу кај с&с. И никако не можам да ги сфатам тие што пушат во затворена просторија со бебе, дете сеедно. Пред некој ден имав лоша ситуација, правевме крштевка на малиот и дома на ручек се собравме. И мм се напи малку повеќе и застана на прозор и испуши цигара, му било ќеф да запали цигара горе. ОК го оставив. АМА со него запали цигара и золвичникот. Потоа уште една, па уште една и така 5-6 ги направи. Му реков неколку пати не ме послуша. Како може да нема осет ??? Не се работи за тоа што јас ќе кажам или не, туку за здравјето на бебето. Бај д веј, кога го карав золвата ми одврати дека кога нејзините деца биле мали во една соба и се готвело, се пушело, бла бла бла. Ама тоа било пред 15 и кусур години, зарем не треба напред да одиме со менталниот развој, а не назад [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] И после се лутат кога го кријам од нив малиот во спална.[sm=hudicek1.gif][sm=smiley15.gif] И да почнам да пушам пак НИКОГАШ! Колку ми е убаво на душичката што не се трујам само јас си знам [sm=bravo.gif][sm=smiley1.gif]
|
|
|
|