Snowhite RR -> RE: Пушење во близина на бебе/дете (7.8.2011 12:11:48)
|
Јас и на гости да сум не ги оставам да пушат пред него, а камоли дома, мм и гостите што идат кај нас пушат на тераса. Само на свекор ми, му се случува да запали една цигара после ручек пред детето, единствено него не му велам, ама пошто и не е некој пушач игнорирам А што се случи еднаш кога отидовме на гости кај една другарка, тие двајцата со сопругот пушат ко турци, немаат деца, беше зимно време и таа му носи пепељара на мм и тој вика не пушам овде, надвор ќе излезам, а нејзиниов целиот прашалници „Зошто, како?“ па викам не пушиме пред него, а тој пак, а зошто, има нешто проблем, што е работава? Леле, мајко мила, како од Марс паднат ми се однесуваше, па како да му објаснам зошто пред мало дете не се пуши, па треба сам да биде свесен. Можеби не беше убаво кај него дома му забранувам да пуши, ама кога се работи за детето не се замарам многу, многу што ќе помисли. Не беше толку проблемот да му речам запали цигара, ама знам дека ако запалеше една, немаше да престани, а собата кај што седевме беше мала, па за 5 мин ќе бркавме лисици внатре
|
|
|
|