Gwendolin -> RE: Пушење во близина на бебе/дете (18.3.2013 11:27:21)
|
Пушев долги години и никогаш не сум пушела дома кај тие што имаа деца, ниту пак во нивна близина. Се случувало да отидам на гости каде што имаат деца и си пушат дома. Ќе запалев со кафето, ама толку ми беше непријатно за дечињата што или ја гасев, или одев надвор. Сега не пушам, а мм си пуши во влезот ( си имаме пуш простор со комшиите ). Не пуштам да ми се пуши дома и добро го знаат тоа сите што доаѓаат. Како штоо јас почитувам правила на други во туѓа куќа, така и други можат мои кај мене. Да, има луѓе што не дошле, ама и без нив сонцето угреало другиот ден. Ме вади од кожа тоа што некој кој не живее тука, ќе ми кажува дали се пуши во МОЈА куќа (читај свеки). Дојде таа со некој чичко на мм, а јас во спална со [sm=duda.gif] и ја слушам му вика - демек не се пушело тука, ама ти пуши си, ти е гајле, ќе си излуфтираат [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]. Како бре ќе ми пушат дома без моја дозвола? Им отидов, им кажав дека бебе нема да видат ако не ја изгасат цигарата веднаш и културно пред сите други гости си ја прашав госпожата дали таа живее тука да кажува кој ќе пуши и каде. Чичкото сакаше да си ја допуши цигарата, па го пратив надвор, па не сакаше...на крај краева, испадна дека не се пуши кај нас, дека само јас си кажувам дали се пуши и куп налутени роднини што нема да стапнат веќе. Ич не ми е гајле, за безобзирни луѓе, безобзирно однесување! Никое дете не е должно да вдишува чад ради егото на возрасните.
|
|
|
|