AnnaMolly RR -> RE: Името на Вашето бебе (16.7.2010 15:55:38)
|
Ние уште откако дознавме дека сум бремена одбравме име за женско, требаше да се вика Јана и крај. И двајцата сакаме стари, традиционални македонски имиња кои сеуште се модерни, не да се срами детето кога ќе порасне. За машко ама ич немавме идеја како ќе се вика. Е, откако ни кажаа дека е машко ни почнаа маките. Мисли, мисли и од Стефан, Андреј, Петар, Никола и Филип на мм најмногу му се допаѓаше Филип. И отидовме кај кумот да го прашаме да даде и тој некој предлог и како од пушка вика дека најомилено име му е Филип. А до тогаш воопшто немавме спомнато дека ни е во план. И ете моето сонце се вика Филип, иако е доста често името мене ми е најубаво на свет :)
|
|
|
|