Bubuska -> RE: Името на Вашето бебе (30.3.2010 4:31:18)
|
Здраво јас сум ви нова тука па случајно ја одбрав темава :) Јас не сум мајка сеуште и далеку е од мене родителството, меѓутоа секако си имам размислувано како би ми се викале децата :) Бидејќи сум премногу ексцентрична не верувам дека би се согласила децата мои да имаат чести имиња, а и не би ми се викале според ничии родители :) Јас моето име го сменив, односно ,,проширив,, бидејќи се викав само Симона. Денес сум Антонија Симона, и сум единствена таква во Македонија :) Ако имам девојче, значи и имам ветено на мајка ми дека едното име ќе и биде Ирина (затоа што кога се роди сестра ми мајка ми сакаше Ирина, јас Софија, и јас победив, затоа што Софија значи мудрост а јас уште тогаш знаев дека мојата сестричка ќе биде многу мудра :) ) Многу ми се допаѓа името Викторија - победа, меѓутоа во комбинација со уште некое, сакам долги имиња. За машко, сакам Матија - хрватско име, иако сегашниот потенцијален сопруг (ќе видиме има време) не сака ни да слушне.. Ама бидејќи јас не попуштам во тоа што го сакам, пак ќе биде по мое со кого и да биде :) Од македонските народни имиња, Јана, Јована, Калина, секогаш ми биле омилени, а од машки Давид, Никола и Стефан. Александар некако не ми оди, па секое второ дете се вика Аце :) Од албанските имиња (видов дека има жена која е во брак со муслиман, најверојатно албанец според името на детето), најмногу од женските ми се допаѓаат Емине-светлина, Лирије-вера, а од машките Арбен. Поздрав до сите, и останете креативни (можеби ќе позајмам некоја идеја! :) )
|
|
|
|