Важни информации за испитувања при забременување (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Melanija RR -> Важни информации за испитувања при забременување (21.1.2013 15:07:45)

Оваа тема ќе им помогне на сите кои планираат бременост за да знаат одприлика кои се првичните неопходни испитувања кај партнерите.
Темава е заклучена и на неа неможе да се пишува, бидејќи служи како насока за тоа каде се дискутира за некои од испитувања.
Се надеваме дека темава ќе ја исполни својата цел за совет на сите идни родители.

Сакаме на Рингераја Форумот многу позитивни тестови и многу родени живи и здрави бебиња.

Испитувања кај жените

*Следење на овулација

-Овулација
-Овулацијата обично настапува околу 14 ден по првиот ден од месечниот циклус . Како прв ден од циклусот се смета првиот ден на менструација во тој месец.

-Фоликулометрија
-Фоликулометрија е ултразвучна постапка со која се мери растот на фоликулите кои се носители на јајните станици. Кај жените во репродукциски период ова испитување се врши во средината на менструалниот циклус.

*Хормонални испитувања
-Испитувањето на хормони се прави на 3 и 21 ден од циклусот.Дел од хормоните кои се испитуваат се:FSH, LH, Пролактин, Естрадиол, TSH, Инсулин, Прогестерон, Тестостерон и DHEA-S,

*Пап и Микробиолошки брисеви
-*Mycoplasma / Ureoplasma ,*Bris od cerviks ,*Bris od vagina,*Test za CHL:Брис за Кламидија

*Проверка на проодност на каналите-HCG и HSS.
-Радиолошко испитување со кое се оценува изгледот и анатомијата на материцата и проодноста на каналите. За таа цел се користи посебен контраст кој се внесува со катетер низ грлото на материцата.

*Лапараскопија
-ендоскопска операција со која се утврдуваат промените на органите во стомачната празнина

*Хистероскопија
-Тоа е ендоскопска операција со која се утврдуваат нормални или патолошки промени во внатрешноста на материцата (миом, полип и др.) Тие промени се отстрануваат со помош на хистероскопија.

*Скриен шеќер /ОГТТ
-Глукоза толеранс тест, така наречен скриен диабет.

*Анти Милеров хормон – AMH

-Испитувањата за оваријалната резерва кај жената

Испитувања кај мажите

*Спермограм и спермокултура
- Со спермограмот се прави анализа на бројноста, концентрацијата, морфологијата, подвижноста на сперматозоидите, ликвефакцијата ит.н.Со правење на спермокултура се дознава дали има присуство на патогени микро организми во ејакулатот.

*Доколку кај жената се пронајде некоја бактерија потребно е да се испита и мажот



Испитувања за двајцата партнери

*Генетски и имунолошки испитувања
-FVL, FLL, MTHFR, PAI-1, кариотип, мутации и генски полиморфизми, protrombin i faktor V leiden, antikoagulant, d-dimeri, antifosfolipidni antitela, hemostaza i uste nekoi drugi. Inace tamu pravat i Protein S i Protein C i antithrombin III .......

*HLA=типизација
-Human leukocyte antigen system (HLA) претставуваат наследени карактеристики кои се наоѓаат на клетките.Типизацијата се прави со примерок од крв и со неа се одредуваат антигени.

*Антифосфолипиден синдром
-Антифосфолипиден синдром или Hughes - ов синдром претставува автоимуна болест која се одликува со присуство на т.н. антифосфолипидни антитела.

*Антиспермални антитела (ASA)

-антитела кои ги уништуваат и онеспособуваат сперматозоидите. Можат да бидат присутни во крвта на мажите, кај жените во ѕидот и вратот на материцата.




Страница: [1]