Mila mamicka -> RE: Живот во заедница - привилегија или "хендикеп"? (15.4.2014 11:44:04)
|
За мене животот во заедница е привилегија и тоа ГОЛЕМА. Можеби затоа што ептен ми се погодија свекор ми е свекрва ми. Живееме во куќа на два спрата, секој си има по еден спрат. Трошоците во домот ги подмируваме сите заеднички. Понекогаш има некои несогласувања на ставови (најмногу поради генерациските разлики) ама никогаш немало караници. Приватност имаме, кога сакаме да си бидеме сами со мм и син ми, едноставно си се качуваме горе и правиме што сакаме. Тие многу ретко, да не речам ич, ни досадуваат горе. Додека сме на работа со мм, тие го чуваат син ми, и тоа го чуваат така како што ние сме им кажале, а не по нивно. За се што се однесува на син ми, ние сме ги поставиле правилата и никогаш не ни противречат, за негово добро, мора да бидеме усогласени во воспитувањето. Кога ќе си дојдеме од работа, ручекот на маса, детето средено, и на нас ни останува да го поминеме времето заеднички во дружење и играње.
|
|
|
|