|
Snowhite RR -> RE: Колку внимаваме на нашиот изглед (30.6.2014 23:14:39)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Мојата рутина е - редовно се фенирам/пеглам после миење коса, редовно си ги лакирам ноктите на рацете и стапалата, и ептен до продавничка или до пазар само може да скокнам без средување. Инаку за на работа, на гости или низ град - не ми паѓа на памет да излезам без пудра, сенка, маскара и сјај. Се навикнав да го правам тоа за буквално 5-6 минути, точно знам што и како ми стои, и ич не ми одзема време насабајле. Не ставам големи количини шминка и не се гипсирам, страшно ме нервираат онакви женчиња на кои им тежат трепките од молив и маскара, но сепак ставам доволно за да покријам подочњаци или акни [sm=smiley36.gif] Кога сум средена, цел ден ми е некако поубав [sm=smiley1.gif] И ова е моја рутина од збор до збор, освен до продавница никаде не одам без малку шминка и како што вели Hopeful, успевам за само 5 минути да се нашминкам. Редовно одам на депилација, веѓите си ги кубам на 2-3 дена, не оставам никогаш влакна под пазуви дури ни во зима, надусниците исто така ги депилирам. Исто, водам сметка за здрава исхрана и внесување на течности, а од скоро почнав и да трчам. Е сега во врска со килограмите јас дури имам и помалку отколку што треба, односно отколку што сакам, затоа сега се трудам да ставам некое килце иако сите ми велат блазесити што си слаба, па така воведувам некоја исхрана, т.е. се трудам да имам 3 главни избалансирани оброка и 2 ужинки, да јадам овошје, зеленчук, пијам млеко и јогурт, да јадам и јајца, зашто немам навика за нив, меѓутоа како што реков и да трчам, возам велоспиед или да вежбам, зашто во спротивно сето јадење ќе ми се претвори во сало
|
|
|
|