|
profesorica -> RE: Колку внимаваме на нашиот изглед (12.11.2009 13:03:03)
|
Со правилна исхрана до здрава и убава кожа Технологијата чини чуда, па денес навистина постојат креми кои ја решаваат проблематичната кожа и ја прават поубава и поздрава. Но, сите козметички препарати делуваат на површината, а здравите животни навики, пред сè здравата исхрана нè прави здрави од внатре. Секако, кремите се користат пред сè за заштита против сонце, ветер и останати временски влијанија кои ја уништуваат кожата. Сепак, како кожата старее така таа ја губи својата еластичност, се појавуваат брчки и поради тоа треба секојдневно да ја чистиме, да ја миеме со вода и да пиеме многу течности. Освен исхраната, важен фактор за убава кожа е редовниот и квалитетен сон. На врвот на топ листата продукти за здрава кожа се наоѓаат овошјето богато со витамин Ц. Малку луѓе знаат дека Витамин Ц го ублажува штетното влијание на сонцето, а притоа го забавува и стареењето. Оревите, зелениот зеленчук и билните масла кои содржат витамин Е се од особено значење за одржување на вашата кожа. Тие најчесто се користат во козметичките препарати за намалување на брчките. Омега 3 – масните киселини кои најмногу ги има во рибата (посебно во лососот, скушата, локардот) ја заштитуваат кожата и особено се препорачуваат кај лица со проблематилна кожа. Морковот, спанаќот, црвената пиперка и јајцата се одличен извор на витаминот А. Недостатокот на овој прави грди, видливи промени на кожата. Витаминот А е потребен за успешно обновување на кожата, а неговиот недостаток е резултат да се појави првутот. За убава кожа се препорачува и урамнотежена исхрана како и доволно пиење на вода. Дерматолозите советуваат да пробате преку храната да ја чувате кожата, бидејќи така ќе заштедите пари и нема да купувате многу козметички производи.
|
|
|
|