|
blue_blue -> RE: Посесивна мајка (24.8.2011 8:48:47)
|
Маца, мислам дека не се работи за посесивност туку за грижа на совест што по цел ден не си со детето, па и тоа малку време што го имаш сег во карање ли да помине и тоа од некој друг (без разлика што е тоа татко и). Милион пати сум го имала тоа чувство, иако кај нас дома јас сум таа што губи нерви и вика по децата. Дури мислам дека маж ми од мене научи да вика по нив, тој е инаку неверојатно смирен човек. Ми се случило кога тој вика по нив јас да се вмешам, ама никогаш во нивна одбрана, само во насока да престане он да вика. Значи јас застанувам на негова страна т.е. го потврдувам тоа што он го кажал, ама со мирен тон. Ова обично помага да се смири ситуацијата, односно да биде дома ревеолуција, а воедно не му го руши него авторитетот. Значи само него му викам тивко да не вика, а нив ги земам во раце и со мирен тон им кажувам дека тоа што го направиле не е во ред и дека татко им со право ги искарал и дека треба да му се извинат. Инаку јас од толку викање во последнава година по децата конечно сфатив дека многу повеќе ефект (барем кај моите деца има) ако наместо викање ги игнорирам скроз, односно им кажам дека поради тоа што го направиле јас сум лута и сега 10 минути нема да им зборувам. Тоа ужасно многу ги навредува и одма се други деца...ама треба секој пат кога ќе им кажеш така навистина да не им зборуваш 2-3 минути (нив и онака им се чинат како вечност) и да ги ставиш на комплетено игнорирање - не ги гледаш, не реагираш кога ти доаѓаат во скут, итд...Пробај, па ако функционира може и маж ти да го примени. А ти оди скроз во друга соба и затвори врата следен пат кога ќе ја кара за да не слушаш она како плаче и пушти нек реши он ситуација, па после објасни ни му ти како обично решаваш такви ситуации со успех [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ќе си дојде се на свое место - јас секогаш кога викам по нив, после таква грижа на совест осеќам тоа е чудо едно, ама колку и да знам дека тоа не е во ред - таков е животот, децата треба да не знаат онакви какви сме, луѓе од крв и месо - значи некогаш ќе згрешиме, некогаш сме лути, тажни, ама важно е да знаат дека бескрајно ги сакаме, поддржуваме и сме тука за нив...
|
|
|
|