|
Felly RR -> RE: Посесивна мајка (10.8.2011 0:33:24)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР ... само тогаш реагирам заштитнички... најчесто таа реакција ми е предизвикана од револт кон мм, цел ден не го гледа, ќе дојде од работа, ќе руча, ќе дремне, ќе стане и на првото пискање на син ми, тој нервозно реагира и одма го кара... а јас цел ден го трпам, слушам, смирувам и пак не реагирам толку нервозно како он... Истово сакав и јас да го пишам. И кај мене се случува истото, не е тоа посесивност, туку едноставно кога гледам дека мм одма избувнува , наместо смирено да ја реши ситуацијата, си велам подобро и нека не ја чува, и одма ја земам Матеа со мене, и онака по цел ден е со мене, па за пола саат што ќе ја почува, барем квалитетно нека го поминат тоа време, а не во викање. Не дека не сакам да ја кара, ама нека ја искара смирено, да и каже зошто не треба така (што и знае да го направи кога е одморен и расположен). А инаку знае и мене таа да ме извади од такт, ама ако е мм дома, му ја оставам, и легнувам на кревет колку да ги затворам очите, да се смирам, и по 2 минути станувам, спремна пак да се справам смирено со сите нејзини лутења и инаетења.
|
|
|
|