Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје II - од 27. до 40. недела (8.8.2011 19:31:03)
|
Царелија, велкам бек [sm=rozica.gif] Андрианче, нели ние смо исте со термините? Како ти викаш влезе во девети, јас се некако рачунам тек од следната недела. Денес влегов во 35, а за недела дена во 36? Јас така рачунам. [sm=zmeden.gif] Инаку, супер што не се поправи ни малку, јас веќе и не стапнувам на вага, што е-тоа е [sm=smiley1.gif] И бебушко ти е супер со килажата [sm=bravo.gif] Женски, јас еве да се "пофалам". Почнав да осеќам болки во нозете и грбот.[sm=smiley13.gif] Сабајлево бев излезена и многу ме болеа нозете и стапалата. Идам и се гегам, со рацете мавам да фатим замах, смешна сум сама на себеси. Мм ме нарече Обеликс, сум го потсетувала на тој лик [sm=smiley36.gif] Давам се од себе да се движам повеќе, да завршувам што е можно повеќе работи, бидејќи гледам дека кога седнам или легнам мака имам после да станам. Ајде још ова недела, па ќе одам кај свекрва ми, она ќе ме гледа. [sm=smiley36.gif] Имам уште месец дена до термин, стварно се мислам како ли ќе се движам понатаму. Конечно земавме и комплетче за изнесување, и мислам дека завршив со работите што се однесуваа до мене, е сега кој од роднините сака нешто да докупе, добредојден е. За овие ситници немаше крај, Колку ме се радува, па ме и исцрпи, а колку само финансии треба за едно дете, лелееее [sm=smiley1.gif] Али, фала Му на Господ што дадел. Ајде пишете, вие до каде стигнавте, како се чувствувате?
|
|
|
|