|
Calypso -> RE: Трудници во третото тромесечје II - од 27. до 40. недела (17.7.2011 21:17:49)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: viki87 Здраво, здраво. Каде сте денес што ве нема? Јас ќе се пожалам многу сум насекирана еве неколку дена. Во петокот бев на преглед и ЦТГ тогаш бев 36+2 и се беше во ред сите параметри па и срцето беа супер докторката ми рече дека е во многу добра кондиција нашето маже,е арно ама многу е малечко 2200gr. Докторката вели дека нема гајле дека не можи сите бебиња да бидат големи ама не знам дали до крајот нашево ќе стигни барем до 2600gr колку да не биди за во инкубатор инаку за две недели од едниот преглед до неќнашниот имаше само 180гр кренато така што којзнае дали ќе дотуркаме до 2600 до крај иначе сега сум 36+4 докторката вели дека веројатно ќе го износам до крај ,а терминот ми ена 10 август.Драги мои ве молам утешете ме малку многу су насекирана, деновиве дури кога ќе каснам нешто се чивствувам виновна затоа што јас само се дебелам досега сум 14kg поправена а тоа кутрото е толку малечко и не зема ништо од мене за да се поправи.Поздравчиња до сите. Вики, немој да се грижиш, само мисли позитивно, се ќе биде во ред. Мене на последната контрола кога влегов во 39 ГН ми рекоа дека бебушот ми е 3200 гр (после породувањето ми кажаа дека ехото не било баждарено како што треба [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]), а се роди со 2760 гр тежина, само три дена пред термин, со апгар скор 8/9. Најважно е да е здраво и развиено како што треба, а штом докторите ти велат дека е се во ред, немаш причина за нервози.
|
|
|
|