Bogdancanka -> RE: Нега на лице и тело (10.7.2011 7:44:45)
|
Маска за природен лифтинг Добро изматете белка од јајце, нанесете ја на лицето и нека делува петнаесетина минути, а потоа измијте го со млака вода и лицете намачкајте го со хидратантна крема. Ефектите од овој третман се видливи по два часа по миењето, но ако ова го повторувате неколку пати неделно, резултатите ќе бидат трајни. Маска за сува кожа Добро изматете едно цело јајце, и маската нанесете ја на лицето. Кога ќе се исуши оставете да делува уште 10 минути. Потоа лицето измијте го со студена вода и намачкајте го со бадемово или маслиново масло. Оцетен раствор против акни Во половина литар зовриена, оладена вода, додајте една супена лажица јаболков оцет. Со памукче нанесете го растворот секоја вечер пред спиење и црвенилото се намалува веќе по вториот ден од нанесувањето како и бројот на акните. Но, ако тоа не помогне, сепак посетете дерматолог. Магдоносот ги отстранува митесерите Со ситно исецкан магдонос трлајте ги ми местата каде што имате митесери. Потоа на врела вода испарете го лицето, како сокот од магдоносот длабоко навлезе во кожата. Тогаш митесерот ќе може лесно да го отстраните со помош на памукче. Маска од авокадо за сува кожа Измешајте две лажички мед со малку испасирано авокадо, лажичка јаболков оцет, снег од една белка, три лажички маслинов зејтин и три лажички од некоја крема која има неутрален ph фактор. Држете ја маската на лицето 20 минути, а потоа измијте ја со млака вода. На овој начин кожата добива посебна влажност, станува мека, а есенцијалните киселини на авокадото помагаат во обновување на ткивото на кожата. Маска за мрсна и комбинирана кожа Лажица свеж квасец со две лажици листови од метвица, омекнати во вода, и две лажици од некоја крема со неутрален ph фактор нанесете ја на лицето и нека отстои 15 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода. Потоа нанесете ја кремата која редовно ја користите. Пилинг за мазна кожа Измешајте две лажици изрендана лимунова кора, две лажици пченкарно брашно, шест лажици мелени бадеми и две до три лажици вода. Маската нанесете ја на лицето и нежно масирајте со кружни движења неколку минути. Измијте го со млака вода, избришете го со мек пешкир и нанесете хидратантна крема. Со лимон против акни Акните на лицето веднаш ќе исчезнат ако неколку пати во текот на денот со памукче натопено во лимонов сок ги намачкате акните. Постапката повторувајте ја неколку пати во текот на денот, се додека акната не се повлече. Маска од мед Неколку лажици мед стопете ги на пареа и измешајте ги со лажица лимонов сок. Мешајте неколку минути, да се олади. Нанесете на лице и држете 10-15 минути. Лицете измијте го со студена вода.
|
|
|
|