Bethany -> RE: Нега на лице и тело (2.6.2014 14:46:30)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR Женски, ќе треба да почнам што е можно поскоро со некои наменски креми, против брчки и такви работи, за зрела кожа де. Е сега, јас гледав од Anew Avon, има дневна и ноќна крема, има од 30+, и има од 35+. Не знам што е разликата, демек читав за што се, ама не ми е баш јасно. Мене дерматолог ми има кажано дека најубаво е да се користат детските креми бидејќи имаат се што и треба на кожата и дека овие кремиве против брчки се маркетинг и полошо и прават на кожата. Мајка ми цел живот со Бекутан се мачка, па како бебе е во лицет.[sm=smiley1.gif] хм... што знам, и јас така мислев до неодамна, додека не почнав повеќе да читам. Детските креми не се доволно хранливи и не ја пружат доволно нега на кожата која е зрела и има потреба од повеќе хранливи материи, антиоксиданти и сл. Знам дека многу голема улога има и генетика, па на некого и ништо да не користи ќе му биде убава и мазна кожата. Ете јас користев детски креми и така некои хидрантни универзални креми како Дав, Нивеа софт и сл. ама гледам дека кожата ми станува некако заситена од нив, таквите креми ми ја мрсаат кожата додатно и како да ја гушат. Затоа барам крема која би ми ги намалила порите (ете тоа гледам дека немав порано толку изражени пори) и која би била лесно впивлива, после која лицето нема да останува мрсно, а сепак да е хидрантна.
|
|
|
|