|
Ikana -> RE: Како го заспивате вашето бебе-дете? (28.11.2012 18:57:34)
|
Јас мислам дека ќе смени пак распоред. Мојава беше спанка невидена кога се роди, само за неколку месеци тотално да го смени ритамот и да не спие ни еден час преку ден. По безброј промени, сега има скоро годинка и спие 2 пати дневно по час - час и половина, и навечер си легнува до 9 најдоцна, за да стане во 6 наутро. Мој совет ти е да ја бањате пред спиење, дај и млекце или да цица по бањањето, и стави ја во креветче да си заспие. Ако се буни, игнорирајте ја, и правете се дека спиете и вие, или легнете си вистински. ММ едно време само ја нишкаше во креветчето, и на крај кога он повеќе не можеше, видов не видов, ја оставив сама да заспива и буквално ја игнорирав. Ноќта е за спиење, не за играње и што поскоро и го наметнеш тоа, толку полесно ќе ви биде и на двајцата. Јас сега немам таков проблем ама ја имам научено со маки дека навечер се спие и не отстапував никогаш од тоа, дали плачела она, кенкала или беснеела, а се случувало. Ако се разбуди навечер сега, и давам цуцла и си легнувам, не и ни зборувам. Заборавив да кажам дека никогаш не спиела со нас, од прв ден е во креветче и така е научена сега. Никогаш не сум ја земала во раце и да ја нишкам па да се успие така, ја оставам во креветче, спиела не спиела, тоа и е!
|
|
|
|