|
Beatris -> RE: Како го заспивате вашето бебе-дете? (31.10.2012 15:28:49)
|
Дневната рутина е многу битна кај сите бебиња. Таа треба да се воведува уште од најмала возраст, прво со цицањето и спиењето, после и со оброците. Воопшто не ми се свиѓа 'распоред' на деца што еден ден ручаат во 2 па друг во 4, трет во 1 и така натаму. И воопшто не се согласувам дека не разбираат. Секој ќе добие резултат еднаков на трудот што го вложил. Кога детето има ред - за јадење, бањање, спиење тогаш е посмирено, знае што да очекува во секој период од денот. Методата на контролирано плачење е добра и добро е да се применува, но не по секоја цена. Едноставно некои деца бараат поинакво внимание. Меѓутоа не треба да отстапувате од ВАШИОТ зацртан план, било за јадење било за спиење. Не смее детето да ви го диктира распоредот, а ако тоа го прави, сериозно треба да промените нешто. А што, вие самите мора да го најдете најдобриот начин и најсоодветниот за вашето бебе. Не очекувајте некој да ви каже како да постапите, дете не се гледа по книга, секое е различно, меѓутоа границите и рутината ја поставувате вие. Инаку ќерка ми има 18 месеци, секоја вечер се тушира/бања, пие млеко и ја носам во креветче. Легнувам до неа на спална, се провртува максимум 10тина мин и заспива до 21.30. Оваа процедура е ваква откако е родена (со исклучок на првите 2 месеци кога заспиваше во раце пиејќи млеко). Само да нагласам дека мојава е ептен јак карактер, што ќе науми сака да биде така уште од мало, дента кога решив дека нема да дозволам таа да ми го диктира редот се преродив. А, во ниедна минута детето нити било нервозно, нити плачело нити ништо. Едноставно го пронајдовме вистинскиот ред за нас. Нема рецепт!
|
|
|
|