| 
				  LoveableMe RR ->  RE: Неплодност и туѓа бременост  (12.12.2013 12:13:17)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Девојки наполно се разбираме, сите кои го поминуваме ова, знаеме  што зборуваме и секоја од нас ќе се најде во постовите од некоја од рингерајките. Старите викаат "сититио гладниот не го верува" и кој не поминал низ овој трнлив пат нема да разбере. Нормално е да постои лутина зошто кај другите има, а кај нас нема.      Она што мене ме налути досега е пак обратното, имав пријателки кои кога беа бремени, избегаваа да се дружат со ние што не сме, дури тогаш и не бев во брак, да не им наштетиме некако, бре бре. Баш во тој период и досега воопшто не бев завидлива или љубормона, викав кога имаат другите ќе имам и јас...таман работа. И баш ми беше нејасно зошто така се штитат и не избегнуваат....мислам дека никогаш така не би правела, кај е Господ никој не е, таман работа дека пријателка може да ми наштети за бременоста....но ете се има меѓу народот.      После ова мое ИВФ, малку ми е потешко да се дружам со пријатели кои имаат деца, но не заради тоа што им љубоморам, туку зошто психички сум уморна од она што пројдов, па немам енергија, а со дечињата обично си играм кога ќе се видиме, им правам смешки, цртам со нив играм игри, а сега немам сила, ќе ми треба еден период да ја соберам....      Е затоа девојки паталци се разбираме зошто не сме гаталци и сме осетиле на наша кожа како е. Тие што се чувствувате немоќно во моментот, нормално е и не се чувствувајте виновни, фаза е, мора да помине.. поззз[sm=smiley31.gif] 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |