blond -> RE: Трудници во третото тромесечје - од 27 до 40 недела (21.6.2011 13:12:15)
|
Хохо, морав јас да го отворам породилното штом влегов во 9ти бидејќи цела бременост си ја преседов дома (не одев на работа бидејќи ми беше ризична бременоста, ми ја водеа како патолошка бременост). Плус и работното место не ми е такво да можам да работам трудна [sm=smiley36.gif] И така комисијата последен пат ми го продолжи боледувањето до 25ти, и напиша препорака од 26ти Мај да ми се отвори породилно. И така направи матичната. А секако од градот кај што ми е матичната ( и од каде што сум по потекло) породилното не го отвараат на тој ден што си се породила туку еден месец пред термин, така да и да не бев со патолошка бременост, секако ќе ми го отвореа. Јана81, и јас цела бременост така си ја поминав, плацентата се повлекуваше и пак се спушташе цело време. И постојано си прокрварував и од памет се вадев. Само не кревај ништо тешко, уживај, не шетај многу, многу. И секс НИКАКО бидејќи сексот 90% е веројатно дека ќе предизвика крварење и ред др глупости. А за едниот бубрег баш сакав да ти пишам дека мамички е со еден бубрег, а тоа го дознала на 25 години (ако се добро сеќавам што прочитав) па си функционира без проблем. Не грижи се, само со позитивни мисли. Туку кажувајте некој бабин лек за побрзо да го натерам ова да излезе. Лидина ја нема, она си се олеснила, Хеба утре ќе се олесни, ајде фрлајте на мене "клетва" и јас денес, утре да се олеснам [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|