|
baby_bump -> RE: Трудници во третото тромесечје - од 27 до 40 недела (6.10.2010 14:09:05)
|
Еве ме и мене, 36 недела, останав на породилно и веќе не знам што се не ме боли. Вчера ме фатија некои грчеви во долниот дел на стомакот и се исплашив дека почнаа болките, трк во болница, ама немаше контракции па си дојдов дома, ама сум била отворена 2 прста (што било нормално за второродки). Единствено ме двоумат зборовите на докторката да останам 2-3 дена во болница, да ми дале dexametazon за да созреат белите дробови на бебето побрзо, ако почнам олку рано да се порагам. Не знам што да правам? Болките не ми беа од контракции туку од голем притисок од бебето, ме болат и стомакот и колковите. Дали некој има вакво слично искуство? И за да биде посмешно се досега кажано од мојата матична: на ехото во болницата бебето си одговара на неделите по големина, а на нејзиното ехо секогаш е 2 недели поголемо, а јас се утепав правејќи испитувања, месец ипол на диета, демек гестациски дијабетес, бла, бла. Смешни работи, ама ајде ќе помине. За хигиената во нашата болница да не зборувам, за односот на персоналот за тие 2 часа вчера додека ме прегледаа, на ехо на цтг исто така, страшно какао во хорор филм. Најтажно е што едвај чекав да останам на породилно а сега ми е толку досадно, едвај чекам да дојде бебето. поздрав
|
|
|
|