Calypso -> RE: Трудници во третото тромесечје - од 27 до 40 недела (9.3.2011 10:48:55)
|
Ставај било каков помрсен крем да ти бидат меки и да не ти пукаат. Јас ставам бадемово масло, ми помага сега при крајов ептен. Инаку, јас сум 38+6, и на последниот преглед се беше во ред, докторот ми рече дека ќе чекаме болки. На контрола сум на 14.03, три дена пред крајниот термин. Но ме интересираше, од ваши искуства, како изгледа кога паѓа чепот? Некако многу влажнам во последниве неколку дена, проѕирен исцедок имам, гаќи менувам баш на три саати, бидејќи не сакам да носам влошки, шубе ми е пред породување да не си направам беља, а резултатите од брисевите беа супер. Да си знам што да очекувам[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|