Calypso -> RE: Трудници во третото тромесечје - од 27 до 40 недела (9.2.2011 9:54:24)
|
Bubba, тоа што ти се покачени гранулоцитите може да ти е од некоја лесна настинка... кај мене беа така покачени на последната крвна слика, и ми кажаа дека ми е најверојатно остаток од настинката, а претходно бев навистина настината. Што се однесува до отокот, нормално е трудниците да отекуваат, макар и малку само околу очите. Би ти препорачала да не читаш премногу по интернет, оти можеш да си помислиш се и сешто, а тоа е она што сега не ни треба. И јас бев иста, читај ваму, читај таму - ме искараа, ми одржаа лекција за тоа. Опушти се и уживај. Понекогаш е навистина лесно да си најдеш симптоми и кога ги нема, посебно кога се работи за бременост и тоа прва. Јас се штрецнав деновиве кога главата за првпат во цела бременост почна да ме боли, ама сфатив дека тоа е од променава на времево (наглото стоплување).
|
|
|
|